Билтен
Зврлевски: Нелегалното следење на комуникациите доведе до опшествената криза во Македонија
Јавниот обвнител Марко Зврлевски посочи дека нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во Република Македонија.
„Oва не е прв пат системите за следење на комуникациите да бидат злоупотребени во земјава„ изјави во вторникот Обвинителот, на конференцијата „Следење на комуникации – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“, пренесува Телевизија 24.
„Системите за следење на комуникациите како средство се користат и се злоупотребуваат и од други земји. Токму поради тоа улогата на јавните обвинители треба да стане поизразена, со цел да се намалат ваквите злоупотреби“, рече Зврлевски.
Поради овие причини, Зврлевски вели дека е потребно е измена на законското решение за следење на комуникациите, бидејќи иако е предвидено главниот збор да го има јавниот обвинител, тоа е само на хартија. Системите за следење на комуникацијата и натаму се во рацете на МВР. Со законските измени кои ги предлага и меѓународната заедница треба да се воведат контролни механизми на употребата на средствата за следење на комуникациите, рече Зврлевски./крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
