Политика
Конститутивната седница ќе продолжи во вторник напладне
И покрај барањето на СДСМ конститутивната седница да продолжи по 18 часот, претседателот на Собранието од претходниот пратенички состав, Трајко Вељаноски, продолжението на седницата го закажа за вторник напладне.
Досега на продолжението на конститутивната седница за збор се јави единствено Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа следуваше дебата единствено помеѓу пратениците од партијата, пренесува А1он.
Од СДСМ побараа гласање за претседател на парламентот, односно за предлогот на ДУИ, Талат Џафери, но наместо тоа, пратениците продолжија да дебатираат за избор на членови во Комисијата за избори и именување./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
