Контакт

Политика

Неделкова изземена од кривични предмети поради поврзаност на синот со СЈО

Објавено пред

 

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, неодамна ја изземал судијката Лидија Неделкова од два предмети кои пристигнале од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Од Врховниот суд ја потврдуваат информацијата, а како што дознавме неофицијално, причина за изземањето било тоа што нејзиниот син наводно бил ангажиран во СЈО.

Судијката Неделкова вели дека таа не била информирана за изземањето.
„Првпат слушам дека сум изземена од постапување по некој предмет, а впрочем од 30 март годинава и физички ми се земени сите кривични предмети, особено оние на СЈО и претходно. Каква и одлука да е донесена, јас прво треба да знам, а во секој случај истата е незаконска од едноставна законска причина што не можам да бидам изземена во предмети во кои не постапувам и од спинувана причина. А никако не може да се донесе одлука за ‘општо’ и однапред изземање на судија“, изјави судијката Неделкова, за „Фокус“.

Од СЈО негираат дека е вработен во ова обвинителство, без да коментираат дали на каков било друг начин бил ангажиран.

Неделкова, пред неполн месец, беше тргната и од Кривичниот совет на Врховниот суд, откако се изјасни дека Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски не може да поднесе Барање за заштита на законитоста за притворот на бизнисменот Сеад Кочан бидејќи предметот е во надлежност на СЈО. Со измени на годишниот распоред, направени од претседателот Вангеловски, таа од Кривичниот оддел беше распоредена во Одделот за судска пракса. .крај/мф/гд

Најново

Свет6 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија8 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...