Политика
Ново продолжение на конститутивната седница на Собранието
Македонското Собрание во четврток треба да го одржи четвртото продолжение на конститутивната седница.
На дневен ред се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.
Изминатите три дена расправата мина во меѓусебни обвинувања за тоа кој ја прифатил Тиранската платформа, како и во реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
