Контакт

Билтен

Ново продолжение на конститутивната собраниска седница

Објавено пред

Собранието на Република Македонија во вторник ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Во понеделникот седницата мина во знакот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се јавуваа за збор, а потоа и за реплики на говорите на нивните пратеници.

Прв зборуваше пратеникот Антонио Милошоски по што за реплика се јавија многумина пратеници од неговата партија. Оливер Спасовски од СДСМ процедурално реагира дека на тој начин се врши опструкција на седницата. Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека деловникот забранува реплики и контрареплики меѓу членови на иста пратеничка група, но оти со оглед на тоа што пратенички групи се уште не се формирани, пратениците имаат право на реплики и контрареплики, пишува РСЕ.

Милошоски рече дека кандидатот за претседател треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи таа е победничка партија и тоа ќе ја одразувало волјата на граѓаните, а ќе било во согласност и со практиката во некои европски држави каде што претседателот на собранието не мора да е од владејачката коалиција.

Тој побара од Комисија која треба да се формира и која, како што рече, ќе работи следните денови, да го процени и моралниот и политички кредибилитет на идниот претседател којшто не треба да биде човек што не ја отфрлил тиранската платформа и не смее да биде аболициран криминалец. Собраниската седница од галеријата ја следат и странски амбасадори. /крај/мф/бс/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт27 минути

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт31 минута

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт34 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија3 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава4 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет4 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт5 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...