Контакт

Политика

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален ризик, од среда да се пријавуваат во надлежните центри за социјални работи за да може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права, според новите закони, почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300%.

Повикот се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.

„Среќна сум што ја стартуваме социјалната реформа со која на околу 30 илјади домаќинства им помагаме да излезат од сиромаштија. Ги унапредуваме правата на лицата со попречености и нивните семејства и работиме на намлување на детската сиромаштија со поправедна распределба на средствата. Со оваа реформа го целосно го преобразуваме општетсвото, гарантираме достоинствен живот за најранливите и активација на пазар на труд на работоспособните. Нашата крајна цел е секој од нив да најде работа, бидејќи само со вработување се излегува од сиромаштија“, изјави министерката Царовска.

Министерката истакна дека со социјалната реформа четири члено семејство со две школски деца ќе земаат месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најчесто земаше социјална помош од околу 3.000 денари.

„Секое дете ни е важно и заслужува еднаков старт во животот. Со социјалната реформа, односно со законот за детска заштита правото на користење на детскиот и обраовниот додаток го проширивме и на семејствата со минимални месечни примања. Со тоа, за 20 пати се зголемува бројот на деца кои може да ги примаат овие надоместоци“, рече Царовска.
Со реформата за прв пат во државата се воведува социјална сигурност за стари лица. Месечниот надоместок иснесува 6.000 денари, и се очеува да го користат околу 6.000 лица кои не оствариле право на старосна пензија.
За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за социјална мерка, а не на право поврзано со пензискиот систем.

За лицата со попреченост и за нивните семејства со реформата се развиваат неколку нови услуги. Една од нив е одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за лица со попреченост. Новина во законот е тоа што правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.
Фактот што социјалната реформа се подготвуваше во широка консултација со сите засегнати страни и експерти и поддршката на истата од пратениците коишто ја изгласаа е доказ дека оваа Влада се грижи за секој граѓанин и создава услови за достоинствен живот во општетсвото.

Македонија

Грчева: Заев веднаш да назначи министер за финансии за да не заличиме на султанат

Објавено пред

ГЛАС за Македонија бара од Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации. ,,Ако го нема меѓу неговите партиски војници или блиски другарчиња, нека се охрабри и нека постави независен, квалификуван стручњак од областа на финансиите. Да не помисли да ја концентрира власта во своите раце. Македонија не е негова сопственост, ниту на неговата фамилија, ниту на неговите другари”, се наведува во соопштението на претседателката на партијата, Солза Грчева.

Според неа, премиерот Заев, со себе назначувањето за министер за финансии чекори по патот на создавање на модел на државно уредување султанат, каде најбогатиот е султанот, а сите други се негови поданици.

,,Тој под свое владеење сега ќе го има и буџетот за да го распродава на блиските и на оние кои ќе бидат со доволно свиткан рбет, за да му доаѓаат на баци-рака. А такви ќе има многу во нашата сиромашна и запустена држава. Исто така, ГЛАС за Македонија се сомнева дека дел од парите од буџетот, ќе бидат злоупотребени на претстојните парламентарни избори за поткуп на гласачи. Откога виде дека во залог за името и достоинството на Македонецот, доби студен туш од ЕУ, Заев пронаоѓа лукративни начини за да остане ултимативен господар на нашите животи. Дојде животот за семејството Заеви! Истиот Заев, пред тоа се себеназначи за претседател на Советот за судски реформи со што се обиде и официјално да стави рака врз судската власт. Метлата која божем го мете неговиот испоганет двор, треба да започне од него. Не смееме да тонеме секој ден подлабоко, во секој поглед и никако не, во самовластие и диктатура”, додава таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: Заев не се ослободи од партиските гангстери кои ги окупираа институциите

Објавено пред

Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. ,,метла”, која беше најавена со голема помпезност.Од ,,метлата” не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последица на оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно.
Единственото ,,откритие“ на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен ,,трик” за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Според партијата, премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи од партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство.

,,Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам. Тој не покажа храброст се ослободи од неспособните кадри во министерствата и кои не ги постигнаа ветените резултати. Тој не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадрите кои им даваат тендери на штотуку регистрирани фирми, кадрите кои ја користат функцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки. Алијансата за Албанците е свесна дека премиерот не ја поседува таа храброст.
Денес со предлогот што го даде, уште еднаш сака да ги измами граѓаните на Северна Македонија. Премиерот покажа дека се во неговата работа е само фарса. Надеж од оваа влада нема, затоа не преостанува ништо друго освен предвремени избори. Алијансата е подготвена да го преземе кормилото и да покажеме како се управува во служба на народот, а не во интерес на партиските групи и кланови”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

В среда седница на Собранието за избор на членови на Владата

Објавено пред

Седницата на Собранието на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата е закажана за среда во 11 часот. На 103-та седница на дневен ред е и предлогот за разрешување на неколку министри, кои ќе бидат заменети со нови имиња.

Премиерот Зоран Заев денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави предлогот за избор на нови министри во Владата. Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии ќе ја преземе премиерот, кој извесно време ќе ја извршува оваа функцијата заедно со функцијата претседател на Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион2 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион3 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија14 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион18 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија23 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија23 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие