Контакт

Daily news

Оставката на Шиповиќ е зачудувачка, бидејќи доаѓа на крајот на мандатот

Објавено пред

 

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски реагира на зачудувачкиот чин на сега поранешен претседател на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ,  кој дури на крајот на мандатот си поднесе оставка од функцијата.

„Во образложението тој вели дека поднесува оставка од лични причини, за подоцна да изјави дека тоа е заради лошата соработка со мене како градоначалник.

Не е точно дека тој ме чекал да го примам пред канцеларија, но точно е дека соработката беше нарушена од причини добро познати на јавноста„ се вели во реакцијата на Жерновски објавена во понеделникот.

„Имено, нарушувањето на соработката беше директна последица на донесувањето на ДУП-от за Водно од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и добро познатата улога на претседателот Шиповиќ во исходот од гласањето.

Да потсетам дека таквото негово однесување беше во спротивност со ставот на коалицијата, предводена од СДСМ.

На така изгласаниот ДУП, со кои се дозволи градење на десеткатниците на Водно,  ставив вето и го оспорив на Уставен Суд. Но, оттогаш се поминати две и пол години, прашање е зошто го чекал крајот на мандатот за да поднесе оставка„ се вели во рекацијата на градоначалникот на Општина Центар Андер Жерновски.крај/мф/кс

 

Најново

Забава24 минути

(Видео) Сопругата на Роналдо се почести со нов автомобил од 200.000 евра

Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената...

Забава57 минути

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија1 час

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура2 часа

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника2 часа

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника2 часа

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија2 часа

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион2 часа

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...