Контакт

Политика

Осумнаесетто продолжение на конститутивната собраниската седница

Објавено пред

 

Вељановски се заканува со пауза ако се злоупотребува процедуралното.

Осумнаесеттото продолжение на конститутивната седница започна со препукувања на линија помеѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Пратеникот Сашко Поцков, во процедурална забелешка рече дека 18 дена се блокира работата на Собранието, додека народот бара решение за реалните проблеми. За ова пример е референдумот во Гевгелија против отворањето на рудниците, рече Поцков.

 

„Граѓаните на Гевгелија од референдумот упатија две пораки – кажаа дека се против рудниците, но и дека бараат институционално решавање на проблемите.За оние 14 дена додека траеше оваа кампања, гевгеличани беа концентрирани на проблемот што ги засега, не на платформата како што тврдите вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ.На крајот, конечно, прифатетете дека сте опозиција“, рече Поцков.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ исто така побара процедурално и рече дека народот како во Гевгелија требало да се праша, како што рече, за пост-изборна платформа.

 

„Ако е така, нека се прашаат граѓаните дали се за она што вие сакате да го реализирате. Ние не сме против да бидеме опозиција, но да ве потсетам дека вие изгубивте во 5 од шест изборни единици.Излезете на избори, соочете се народот и да ја завршиме оваа криза“, кажа Димовски.

 

Поцков побара повторно право на процедурална забелешка, но Трајко Вељаноски му побара да цитира член од деловникот и му го исклучи микрофонот.

„Ако имате нешто неразјаснето, ќе дадам пауза од половина час па разберете се таму во клубот на пратеници“, рече Вељаноски.

 

По ова седницата продолжи во вообичаена атмосфера со меѓусебни реплики помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Моментално тече дискусијата по 11. пратеник, од 50 пријавени, тоа е Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ.крај/мф/гм 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски до Гир: Правдата е селективна, им се суди само на луѓе од опозицијата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во текот на средбата Мицкоски на евроамбасадорот му Гир ги посочич главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта допринесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со КОВИД и економската криза“, истакнал Мицкоски.

Како што се наведува во соопштението, евроамбасадорот Гир бил информиран и за степенот на криминал во Македонија.

„Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додал дека како одговорна политичка партија имаат јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: Со гласање против одлуките за вонредна состојба ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува својата деструктивност

Објавено пред

Најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба уште еднаш ја потврдија деструктивноста и неодговорноста на оваа партија. Ова го изјави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, откако денеска Антонијо Милошоски информира дека ќе гласаат против одлуките за прогласување вонредна состојба, а кои се ставени како дел од дневниот ред на собраниската седница.

Според Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски се води единствено од политички популизам и воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните и државата.

Костадинов вели дека вонредната состојба била исклучиво во интерес на граѓаните и неопходна за брзо дејствување на Владата и институциите во ситуација кога имавме распуштено Собрание и преодна влада со мандат за организирање парламентарни избори.

Нагласи дека истовремено и Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука за прогласување вонредна состојба и ги отфрли сите поднесени иницијативи во однос на уставноста на петтата одлука за прогласување вонредна состојба. Со тоа, како што рече Костадинов, Уставниот суд ги расчистил сите дилеми поврзани со уставноста на одлуките.

„Потврдувањето од страна на Собранието на одлуките за прогласување вонредна состојба е во интерес на граѓаните, на институциите, на државата. Денеска, видовме дека ВМРО-ДПМНЕ упорно стои на спротивната страна. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува посветена на деструкција, неодговорно и незрело однесување, кое е на штета на Собранието, на државата. Без разлика на сите обиди за опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, државата продолжува по патот на развојот и напредокот во интерес на сите граѓани“, рече Костадинов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратеничката група на ДУИ го поздравува четвртиот економски пакет за помош на граѓаните

Објавено пред

Парламентарната група на Демократската унија за интеграција го поздравува четвртиот пакет-мерки во вредност од 470 милиони евра со цел поддршка на малите и средните бизниси и заштита на работните места на граѓаните одобрен од Владата.

„По изборите, наша главна цел како ДУИ беше да ги почитуваме потребите на граѓаните и земјата и да формираме функционална влада што е можно побргу. Поради кризата предизвикана од коронавирусот, на нашите граѓани и нашата економија им треба искусна и посветена влада не само за управување со здравствените аспекти предизвикани од Ковид-19, туку и со економските последици што ја погодија нашата земја исто како и секоја друга економија во регионот и во светот.

Со цел да се обезбеди и за економијата, но и за граѓаните брзо и ефикасно управување со кризата, ние како избрани претставници во парламентот имаме доверба во коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ. Ние сме задоволни што оваа Влада ја сфати итноста на задачата и состави четврта многу ефикасна група на мерки со вкупна вредност од 470 милиони евра за поддршка на особено малите и средните бизниси и за заштита на работните места на граѓаните. Заштитата на работните места на граѓаните е најважната задача во овој предизвик и затоа ние како ДУИ силно го поддржуваме планот за поддршка на компаниите со субвенции за намалените приходи на нивните вработени, како и поддршката на туристичките водичи, обезбедувајќи им минимален приход за следните три месеци“, се вели во соопштението.

Според ДУИ, државните гаранции потрошени на банкарски заеми и дополнителните одложувања во отплатата на кредитите до крајот на годината им овозможуваат на илјадници сопственици на мали бизниси да земат здив, а со тоа и малите и средните бизниси многу полесно да ја надминат кризата. Во комбинација со 100 милиони евра нови заеми што може да се обезбедат преку Европската инвестициска банка, тоа дури може да овозможи и идни инвестиции.

„Со овој четврти пакет Владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја за време на кризата и да обезбеди економска безбедност и социо-економски напредок, дури и во најтешката економска криза, со која се бори целиот свет. Овие мерки се балансирани и приспособени за да им помогнат на оние што имаат најголема потреба – малите и средните бизниси, како и обичните граѓани“, додаваат од ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион4 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија4 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија5 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион6 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ6 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет7 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија7 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија8 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет9 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет9 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет23 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија24 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија24 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие