Контакт

Политика

СДСМ: Го осудуваме симнувањето државно знаме во Куманово, а Груевски да престане да си игра со стабилноста

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„Го осудуваме симнувањето државното знаме на Македонија од јарбол во центарот на Куманово. Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се“, изјавија во петокот од СДСМ.

 

„Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали“, порачуваат од партијата.

 

„Во таа насока се и лажните вести на медиумите под контрола на Никола Груевски, кои го користат овој изолиран инцидент за лаги и нови провокации. Граѓаните знаат дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, достапна и на веб страницата на СДСМ каде што може да се види дека државните симболи не се предмет на Програмата“, додаваат од СДСМ.

 

„Тие се единствено предмет на Никола Груевски кој преку поделби и форсирање бинационална држава, бара начин да избегне одговорност за направените злодела врз граѓаните, дури и по цена на штета на стабилноста и мирот на граѓаните. Македонија ќе добие нова реформска Влада и ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат. Тоа Никола Груевски и кој и да е друг, со ништо не може да го спречи“, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс

 

 

 

Македонија

Мицкоски: Власта нема поддршка во парламентот за уставни измени и се плаши од избори

Објавено пред

„Некако со ковидот немам среќа, пред две години и сега сум заразен со вирусот и тоа ме попречува во мојот ангажман. Но, сигурен сум и верувам дека бројот на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе се зголеми, а д-р Мевмед Џафери ќе биде новиот градоначалник во Маврово и Ростуше и покрај бројните нерегуларности на власта кои доаѓаат до мене како информација од терен“ напиша на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој вели: „и понудив на власта излез од ќорсокакот во кој ја однесоа државата. Понудив на првата собраниска седница да се стави по предлог на владата точка со која ќе отпочне процесот за измени во Уставот и доколку власта на ДУИ и СДСМ обезбеди поддршка од 80 пратеници, тогаш јас сум подготвен трајно да ја напуштам политиката (состојба која сум сигурен дека ќе ја израдува корумпираната и предавничка власт, криминалците но и инсталациите на власта денес, но и тие од минатото), во спротивно да одиме на предвремени парламентарни избори“.

„Во првиот случај, ако навистина верува власта (како што брифира, директно или преку своите инсталации) дека има 80 пратеници, тогаш нема подобар начин да се потврдат тие политики и да се “вивнеме” со нив кон европските височини, а и ќе се спасат од мене во политиката, та нели е тоа цел во една политичка борба. Во вториот случај да одиме на предвремени избори и да оставиме народот да избере влада која ќе има народен кредибилитет, а не ваков инсталиран каков што има оваа влада. Фер понуда…, искрен да бидам очекував сериозно да размислат и барем еднаш да го стават државниот и народен интерес пред личниот (велам личен бидејќи таму веќе нема ниту партиски). Тие сепак ми потврдија дека сум бил оптимист, додека првиот човек во владата молчи (сигурно од ПР агенцијата му велат не одговарај ти, ќе одговориме преку прокси, а човекот има рејтинг едноцифрен процент) одговорија преку министерот за култура (развеселување), а денес слушнавме и дека тоа што до вчера беше најважно сега и не е толку важно, па ќе ни кажат дека тоа што во јули беше најважно и во септември почнуваме со уставните измени, сега во август и не е толку важно, имало време“ се вели во Фејсбук статусот на Мицкоски.

Неговиот став е дека „власта не ја интересираат ниту европски височини, ниту европски вредности, туку исклучиво лични привилегии, корупција и многу украдени народни пари преку тендери во четири очи“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари бара формирање техничка влада

Објавено пред

Потпретседателот на Алијанса за Албаниците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари бара итно формирање на техничка влада. Во објава на профилот на Фејсбук, Таравари вели дека техничката влада е единствено решение во моментов во земјава која, како што вели, е мала во географска смисла, но е гигант во корупција.

dobivaj vesti na viber

„Секојдневно живееме и сме сведоци на корумпираното бирократско мочуриште, во коешто плови сè и сешто. Власта е во постојана кавга со неколку држави, како да не ѝ беше доволен сомнителниот начин на доаѓање на тронот. Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните“, пишува Таравари.

Според него итна интервенција е потреба во пет сфери, корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.

„Техничката влада ќе мора да даде приоритет на излез од кризата на историските дилеми и да работи на усогласување на владиниот и ЕУ-календарот. Токму во такво ‘руво’ оваа влада би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи. На Македонија не ѝ треба Столе кого го вработи братучедот, ниту Шабан чијашто функција е заслужена поради семејната поврзаност со партискиот лидер. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти“, вели Таравари.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

Објавено пред

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција. ВМРО-Народна партија сака да потсети на техничкиот дел од договорот дека овие заклучоци што ги гледа сега македонската јавност се договорени пред повеќе од две години, за жал тогаш бугарската страна тоа го оцени како премалку и стави вето, стои во партиското соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-НП велат дека „секој што се занимава со висока политика во Македонија претпоставуваме дека треба да го знае тој факт затоа што беше кажуван и од претседателот на државата и од претходниот премиер, како и од претседателот на нашиот дел од комисијата, затоа изненадува чудењето кое сега одредени политички лидери го искажуваат“.

„ВМРО-Народна партија смета дека во заедничкиот договор се изнесени многу добро познати факти за целата светска и балканска византологија и медиевистика, а тие што гласно се чудат треба да се прашаат не за фактите туку за тоа што некој ги манипулирал и ги учел со лажни податоци. Прашањето е дали некој сака да се соочи со фактите или да живее во лаги. И конечно сакаме да ги потсетиме сите загрижени дека во времето на десетгодишната антиквизација на македонската историја и петте личности, св. Кирил и Методиј, св. Климент и Наум  и цар Самуил беа комплетно омаловажени и обесмислени во нивното дело и некако воопшто не ги спомнувавме“, соопштуваат од партијата.

Партискиот став е „сите тие кои тогаш молчеа и го поддржуваа тоа искривување на историјата денеска критикуваат. Затоа можеме и да кажеме дека ова е враќање на св. Кирил и Методиј на св. Климент и Наум на цар Самуил во македонската историографија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова...

Свет5 часа

Стотици писатели ќе ги читаат книгите на Ружди на улица во Њујорк

Стотици писатели ќе се соберат во Њујорк за да ги читаат делата на Салман Ружди, по примерот на настанот првпат...

Европа5 часа

Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита...

Македонија7 часа

Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата,...

Македонија8 часа

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и...

Економија9 часа

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија9 часа

Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд

Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков....

Македонија10 часа

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија...

Македонија12 часа

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски сонува власт, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на...

Македонија12 часа

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го...

Свет13 часа

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското...

Македонија13 часа

Портокалова фаза во цела држава, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Свет13 часа

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се...

Свет14 часа

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во...

Свет14 часа

Советникот на Зеленски: Се подготвуваме за руски напад врз Киев на 24 август

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина се подготвува за руски ракетен напад врз Киев, кој...

Економија14 часа

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

Илјадници незадоволни Аргентинци го блокираа центарот на Буенос Аирес за време на насилните улични протести, барајќи од владата да ги...

Свет1 ден

Напаѓачот на Ружди: Прочитав неколку страници од неговиот роман, го нападна исламот

Хади Матар – напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакаше да каже...

Регион1 ден

Сопственикот на автобусот кој се преврте во Бугарија доби 99 прекршоци и казна од 30.000 евра

Во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопат во Бугарија на 14 август, во која учествуваше автобус од...

Регион1 ден

Курти: Имаме јасна визија, сакаме членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел изјави дека Косово сака членство во воената алијанса НАТО. „Имаме јасна визија. Сакаме...

Регион1 ден

Вучиќ од Брисел: За Србија мирот и стабилноста се од клучно значење, утре ќе имаме тешки разговори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во Брисел и денеска се обрати на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО,...