Контакт

Македонија

СДСМ: Груевски ги навредуваше Албанците, сега моли за помош

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

СДСМ смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ги навредувал Албанците, ги нарекувал Шиптари, барал 63 пратенички мандати за да не зависи од нив при формирањето Влада, но сега ги моли за помош.

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, соопштија во недела од СДСМ.

„Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува. Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење“, додаваат од таму.

Сметаат дека Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација, па затоа над 612.000 граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, избраа промени.

„Демократските процеси се почнати и Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да спречат“, додаваат од партијата./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Објавено пред

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон, САД, за справување со високата корупција  кај нас. Ја поздравува секоја активност за борба против корупцијата, вклучително и оваа со тимот од Вашингтон, и вели дека ваква реакција од американската амбасада била очекувана ако се земе предвид дека сите забелешки и укажувања на странските фактори што сме ги добиле, меѓу кои и од Американците, не се земени сериозно.

dobivaj vesti na viber

„Очекувано е затоа што повеќе пати амбасадорката кажа дека се зачудила од начинот на избор на обвинителот, за она што се преземало од наша страна. Тој дури не чувствуваше ни морална одговорност, да речеме, да се повлече. Што се случи со сите негови гласачи? Како општество не видовме што се случи, односно ништо не се случи. Како и да е, прочитав во медиумите дека државата побарала помош, не знам дали е тоа вистина. Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени тие. Тоа за нас е поразително затоа што ние не сме си ги завршиле сите домашни задачи дома, затоа доаѓаат“, рече претседателката Ивановска денес на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Доаѓањето на американскиот тим Ивановска го гледа како помош и поттик за надминување на реалните проблеми со правосудниот систем кои треба да се решат имајќи предвид дека сме земја која е сериозен кандидат за членство во ЕУ, а Американците нè поддржуваат во тоа.

Антикорупционерот Горан Трпеноски објасни дека доаѓањето на американскиот тим за борба против корупцијата е очекувано оти потрошиле милиони за обука на нашите правосудни органи.

„Колку милиони фрлија и потрошија за обука на обвинителите, на судиите за институциите, десетици милиони. Мислам дека ќе има некаков ефект гледајќи ги реакциите на нашите политичари. Сите што треба да се борат, односно сите кои ги водат секторите во коишто има најголема корупција, има основани сомневања за корупција, тендери, сите тие сега изјавуваат дека се борат против корупцијата. Мислам дека тоа не е реална радост, тоа е пораз за политиката бидејќи да се дојде до тоа ниво да дојде тим од Америка, единствено слична ваква работа имаше во Бугарија, кај што ја контролираа, значи дојдено е вистина до дното. Не ги прифаќаат сите лаги и она што им се сервираа дека еве ние се бориме против корупцијата, им даваат погрешни информации  и сега дојдени се да слушнат со свои учи и да видат со свои очи каде се тие пари“, рече Трпеноски.

Пред два дена американската амбасадорка Ангела Агелер соопшти дека тим од Вашингтон допатувал во земјава за да направи поагресивен преглед на минатите и сегашните корумпирани актери и посочи дека на судството му требаат повеќе истраги за да покаже дека никој не е над законот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски и албанскиот колега Чучи потпишаа обновени аранжмани со ЕК за борба против тероризмот во Западен Балкан

Објавено пред

Комисијата денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Ова дополнително ќе ја надогради соработката во полето на борбата против тероризам, спречување и борба против насилен екстремизам. Аранжманите ги потпишаа комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон изјави: „Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да осигураме заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Албанија и Северна Македонија во спроведувањето на приоритетните акции, а потпишувањето на овие обновени аранжмани е конкретен знак за нашата континуирана вклученост и поддршка за нашите партнери.“

Министерот за внатрешни работи на Албанија Бледар Чучи изјави: „Потпишувањето на ревидираниот аранжман ќе ни овозможи, заедно со ЕУ, подобро да се соочиме со заканата што ја поставува тероризмот, да го усогласиме нашето законодавство со законодавството на ЕУ и да ги подобриме нашите капацитети. Размената на информации во рамките на овој договор ќе обезбеди појасна слика за вистинските закани и подобра подготвеност за справување со тероризмот и насилниот екстремизам.“

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски изјави: „Задоволен сум што сум тука да го потпишам овој ревидиран аранжман со Европската комисија. Се појавуваат нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната соработка е од најголема важност. Ревидираниот аранжман ќе им овозможи на Северна Македонија и на ЕУ поблиску да соработуваат за да предвидат, спречат, заштитат и одговорат на терористичките закани. Тој исто така ја покрива областа на спречување на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации“.

Ревидираните аранжмани меѓу Комисијата и властите на Албанија и Северна Македонија идентификуваат конкретни приоритетни акции во областа на соработката против тероризмот што ќе се спроведуваат во текот на 2023 година и 2024 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Сите дојави за бомби се лажни

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон,...

Свет1 час

(Видео) Кошаркарска ѕвезда за „трговецот на смртта“: Америка и Русија разменија затвореници на аеродром во Абу Даби

Снимките од руските државни медиуми го покажуваат моментот на размена на американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и озлогласениот трговец со...

Македонија2 часа

„Ист гејт“: Дојавата за бомба е лажна, трговскиот центар продолжува со работа

По најавите за бомба во „Ист гејт“ се огласија од трговскиот центар. Со статус на својот фејсбук-профил ги информираа закупците...

Регион3 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Свет4 часа

Путин: Западот поттикнува хаос за да ја задржи својата доминација во светот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е сигурен оти Западот намерно поттикнува хаос и ја влошува ситуацијата во светот...

Македонија4 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија4 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет6 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија6 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет6 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет7 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа7 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија24 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион24 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа1 ден

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија1 ден

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет1 ден

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...