Контакт

Политика

СДСМ: Единствената пречка за Македонија се Иванов и Груевски

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Единствената пречка за Република Македонија се Ѓорге Иванов и Никола Груевски, велат од СДСМ како реакцијата на изјавата од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов дека препреките за определувањето на мандатот се уште не се отстранети.

 

„Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија“, велат од СДСМ.

 

Огромно мнозинство од околу 700 илјади гласачи избраа промени, правда, заедништво, и Програма на новата Влада тоа ќе го овозможи, порачуваат од партијата./крај/мф/бс

Македонија

Јаревски: Каде завршуваат парите од пластичните кеси, кои влегуваат во Фондот за животна средина?

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на вчерашната собраниската седница за поставување пратенички прашања, праша за што се трошат парите од пластичните кеси, кои влегуваат во Фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци, а никој не знае каде одат парите, односно, како што рече тој, само 1 или 2 денара остануваат во маркетите, другите одат во Фондот за животна средина.

dobivaj vesti na viber

„Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари, 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во Фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци, што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата, туку луѓе навлезени во оваа проблематика, кои кажуваат дека не може да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на Владата на Министерството. Затоа, каде одат парите, како се искористуваат тие пари?“, праша Јаревски.

Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедно на улиците кога две униформирани лица, односно заменик-началник, пука на улиците со началник.

„Второто прашање ми е во однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбедно? Дали ние се чувствуваме безбедно кога во 20 часот имаме 200 повици, кои ни кажуваат дека на еден-два или три километри од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека пукал заменик-началник си пукал со началник, две униформирани лица?“, праша Јаревски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Власта да покаже зрелост да не го блокира заемот од Светската банка за поддршка на општините

Објавено пред

Моментно комисиите и стручните тела на ВМРО-ДПМНЕ работат заедно со политичките партии, кои се дел од коалицијата и многу бргу од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на буџетот, кои ќе бидат доставени во парламентот. Некои од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живеење за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцира дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите што ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со нив да не се однесува неодговорно, како што во моментот го кочи заемот од Светската банка за поддршка на општините во Македонија.

„Очекувам од страна на Владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светската банка од 63 милиони евра, кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локалните избори. И така секоја општина добива одредена сума пари од Светската банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница“, изјави Мицкоски.

Посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие приближно милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.

„Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа, има лиценца за втора лотарија. Она што е потреба на граѓаните не доаѓа на дневен ред, приоритет имаат поединци. Ги повикуваме и Талат и другите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да може да добијат нови улици, и тие во Гази Баба и во Струга, во Струмица и во другите општини. Нека се покажат, станува збор за 63 милиони евра, кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцира Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Примитивизмот на Џафери е фрустрирачки, тој сака да предизвика инцидент

Објавено пред

Полн е, за жал, спикерот со примитивизам, и тоа навистина изгледа фрустрирачки за сите граѓани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Тој примитивизам навистина згрозува. Но, морам да кажам – не е наивен. Затоа што тој примитивизам има своја цел, а таа цел е да предизвика инцидент на лик на оној од 27 април и да може овој примитивец заедно со сите тие што го поддржуваат да бидат претставени во едно поинакво светло од тоа што се“, истакна Мицкоски од Гази Баба во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и нема да дозволи да надвладее примитивизмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активна блокада на сè она што не е од интерес на граѓаните.

„Треба да знаат сценаристите и организаторите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу поискусна, и ВМРО-ДПМНЕ е многу поорганизирана, и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја продолжи оваа агонија во Македонија. И затоа ќе продолжиме одговорно да се донесуваме во парламентот, да се однесуваме онака како што зацртавме со активна блокада на сè она што не е од интерес на граѓаните. И нема да дозволиме да се повторат настани од минатото, со кои ќе им дадеме вештачко дишење на овие, би рекол, примитивци што во моментот се на власт“, појасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Русија објави докази: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Економија39 минути

(Видео) Ковачевски: Инвестирани над една милијарда евра во изградба на патната инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како...

Европа1 час

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија3 часа

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија5 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет5 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија6 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија6 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион7 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет7 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија7 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија9 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет9 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет10 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет22 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија24 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт1 ден

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...