Контакт

Политика

СДСМ: Нови работни места ќе отвори новата влада, заврши оперативниот план крадење

Објавено пред

 

Ќе има нови вработувања во Македонија, шанси за нови бизниси со кои ќе ги мотивираме младите да останат во државата и повисоки плати, но тоа ќе го реализира новата одговорна влада за којашто гласаа граѓаните на предвремените избори, реагираат од СДСМ, на денеска објавениот план за отворање нови 10.000 работни места.

„Граѓаните очекуваат реални политики и затоа го поддржаа Планот за живот. Тој предвидува зголемена поддршка на малите и средни претпријатија од 200.000 евра на 20 милиони евра годишно. Бесплатен деловен простор за нови компании во старт ап центри. Отворање фирма со 1 евро основачки капитал. Поволни кредити до 15.000 евра за микробизниси со само 1 процент камата“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Порачаа дека граѓаните ги виделе ефектите од “оперативните планови“ на Никола Груевски и неговиот „дил ориентед“ партнер Владимир Пешевски и не сакаат такви планови.

„Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување. Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши“, порачаа од СДСМ./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ГДУ е за заеднички дипломатски претставништа на Македонија и Бугарија

Објавено пред

Од

Идејата за заеднички дипломатски претставништва на Р. Македонија и на Р. Бугарија по моделот на скандинавските земји е револуционерна идеја за нашите балкански простори, смета претседателот на партијата ГДУ, Петар Колев.

Искрено сметам дека идејава треба да биде прифатена поради неколку аспекти: прво, кономски е издржливо и корисно, не гледам зошто МНР на Македонија да не заштеди дел од средствата предвидени за купување или изнајмување на дипломатски претставништва и второ, праќа јасна порака дека ние балканците се стремиме кон модерни и европски вредности и сме готови да прифатиме функционални идеи кои се спроведени во еден од најразвиените делови на Европа- Скандинавскиот Полуостров“, вели Колев.

Тој смета дека македонската дипломатија ќе испрати јасен сигнал за својата позиционираност, бидејќи на соодветните згради би се вееле знамињата на Република Македонија и Република Бугарија, но заедно до нив ќе се и знамињата НАТО и на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: На предвремени избори ќе ја поразиме оваа ненародна влада

Објавено пред

Од

Како политичка партија и во минатото, но и во иднината ќе се обидеме да понудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот на нивниот живот бидејќи единствен капитал на Република Македонија се граѓаните и тие заслужуваат да имаат подобар живот. Токму од тука мотивирани на 2 јуни ќе се собереме пред платото на Владата, каде што ќе ја одбележиме оваа една година на чемер и јад, влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ќе понудиме решенија, нови политики, но и ќе започне падот на Владата на СДСМ, која што се надевам дека ќе биде конечно поразена на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата во Штип.

Тој изрази надеж дека што е можно побрзо ќе бидат остварени и реализирани условите за да може опозицијата да се чувствува комотно, да излезе на предвремени парламентарни избори и да ја порази оваа „ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“.

Запрашан за спорот за името со Грција и предлозите кои се појавија во јавноста, Мицкоски вели: „Нашата позиција е јасна, повторена во низа наврати во минатото поврзана со спорот кој што го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име. Таа е непроменета и потврдено од страна на партиските органи во изминатите денови. Навистина не располагам со дополнитени информации кои што би значеле за вас и би биле предмет на интерес. Тоа што беше во изминативе денови презентирано на јавноста во Република Македонија тоа го знам јас“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Војводо“, „Никола врати се назат“ – поддржувачите на Груевски го бодрат по објавата на пресудата

Објавено пред

„Не те даваме, И 100 години да те осудат, тоа нема да го смени фактот дека ТИ си таткото на модерна Македонија“, „Ќе бидеш запишан во историјата како позитивна личност колку што те напаѓаат повеќе си по авторитетен главата горе“, „Главата горе Претседателе“… Ова се пораките кои десетици граѓани му ги напишаа на експремиерот Никола Груевски на неговата фан-страница на „Фејсбук“. Со големи букви, многу правописни грешки и нагласена интерпункција, граѓаните му искажаа поддршка на експремиерот по изречената пресуда за случајот „Тенк“.

„Поддршка и многу скоро да се врати државата на народот, нашата Македонија е киднапирана и уценета држава!!!“… „И вие клававте по некој денар на страна.. Ама барем гледавте и за народот! Овие ветуваа ЖИВОТ, а веќе ЖИВОТОТ ЗА ПОЛА ИМ ГО СКРАТИЈА НА НАРОДОТ!  Ке дојде денот на клањање ,,Никола врати се НАЗАТ“.

„Биди силен Војводо , и други Војводи поминале низ пекол но не биле заборавени, секогаш нивната храброст ке остане во Македонската историја“. „Секогаш и од памтивек жртви за Мк биле правите Македонци. Овој пат тоа сте ВИЕ ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦУ. Горди сме што Ве имаме жив“, „Вас ве кршат за да можат нас да не скршат, издржете нема да им успее, нема да се откажеме нема да се предадеме“, „Прецедателе имас голема подрашка од сите нас и сите краиста на Македонија за жал сите сто ја сакат оваа дрзава ги осудувааат зосто си ја сакат МАКЕДОНИЈА“…

Почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласи на „Фејсбук“ по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО. Користејќи дел од негово обраќање на предизборен митинг, тој ги повика македонските граѓани да ја кренат главата и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 час

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија3 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија5 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести7 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија8 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија8 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие