Политика
Талат Џафери е кандидатот што СДСМ го поддржа за претседател на Собранието на РМ

Талат Џафери е кандидатот што и официјално СДСМ го поддржа за претседател на Собранието на РМ, потврди во понеделникот пратеникот Петре Шилегов, објаснуваќи дека иницијативата со неговото име е доставена до архивата на Законодавниот дом.
„Кажав дека 20 пратеници се потпишани. Тоа е преку архивата, мислам дека преку службите ќе можете да видите кои се потпишани“, изјави Шилегов, додавајќи дека работата во Собранието по комисијата станува беспредметна.
„Таа комисија нема никаква улога во овој момент во Собранието“ вели Шилегов. „Во овој момент единствената улога на таа комисија беше на Собранието да му го предложи кандидат за претседател на Собранието“, посочи пратеникот на СДСМ, кој не знаеше да одговори дали Беса ќе ја поддржи кандидатурата на Џафери. крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме цензура на медиуми и новинари

„Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери. Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми“.
„Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев. Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола. Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање. СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие. Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими“ стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат „Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот“.
Македонија
Телефонски разговор Ковачевски – Шоле: Голема поддршка од САД за Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски, вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер.
Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство на Република Северна Македонија со САД.
Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот, Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешно-политички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Северна Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи.
Премиерот Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговараа за повеќе актуелни прашања.
Македонија
Амбасадорите на Франција и Австрија на средба со претставници од Советот на амбасадори

Во рамките на редовните активности на Советот на амбасадори, поврзани со процесот на европската интеграција, вчера беа одржани две средби.
Францускиот амбасадор Бомгартнер организираше работен доручек за делегацијата на Совет на амбасадори, на кој што присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.
Подоцна, во резиденцијата на австрискиот амбасадор во Скопје, Георг Вуцас, беше приреден работен ручек за проширена делегација на Советот.
На средбите беа разменети мислења за повеќе теми од македонско – европските односи за кои што Советот на амбасадори веќе ги изнесе своите ставови во јавноста. Исто така, делегацијата на Советот на амбасадори укажа на деликатниот политички момент во Европа и на потребата за позначајно придвижување на процесот на европската интеграција на земјата, но и на целиот регион на Западниот Балкан.
Амбасадорите од земјите–членки на ЕУ посебно се интересираа за клучниот предизвик за продолжувањето на евро-интегративниот процес, односно за уставните измени.
Советот на амбасадори и во наредниот период ќе продолжи со консултациите и со останатите амбасадори од земјите-членки на Европската Унија, како и со амбасадорите на земјите кои што ја поддржуваат македонската европска интеграција, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.