Политика
Шахпаска: Конститутивната седница да продолжи во вторник и да се овозможи формирањето нова Влада
Очекуваме дека конститутвната седница треба да продолжи и да заврши со позитивен исход, односно со избор на Претседател на Собранието, изјави во неделата Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и член на Комисијата за здравство на СДСМ.
„Очекуваме ова прашање конечно да биде затворено и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска влада и треба да се испочитува она што беше испорачано како нивна желба на изборите на 11-ти декември. Само за потсетување, 700 илјади граѓани гласаа за промени и за нова Влада“, рече таа.
„Како што предвидува Уставот, како што предвидува Деловникот за работа наСобранието, работите треба да течат согласно она што е законска обрвска и регулатива. Прво треба да заврши контитутивната седница, а понатаму да продолжат сите активности во законодавниот дом“, додаде Шахпаска./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
