Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од јавниот обвинител Љубомир Јовески
ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од јавниот обвинител Љубомир Јовески и на негово место да дојде обвинител кој, како што велат, нема да се плаши од Зоран Заев.
„Љубомир Јовески не смее да го држи во заложништво Јавното обвинителство и да нема буквално никаков одговор на сите сомнежи дали и кои бизнисмени го послушале Заев и купувале гласови за изборни цели? Кој дал наредба да се крши изборниот молк, кој ги набавувал телефоните и кој повикувал гласачи на денот на гласањето? Обвинителство, водено од Јовески, спие додека се одвиваат изборни кражби, полнења кутии, повикувачки центри, јавен поткуп на гласачко право. Јовески не реагира ниту по службена должност по допрен глас, ниту по поднесена кривична пријава со докази за основано сомнение за поткуп и поттикнување поткуп за изборни цели поднесена од опозицијата. Јовески веројатно нема да мрдне да истражи до крај кои биле полначите и чија била наредбата да се полнат кутиите за време на референдумот, нешто поради што е и поништено гласањето на избирачко место од ДИК. Јовески нема да излезе од сенката на пупката на расцветаното судство на Зоран Заев, ЈО не реагира, а опозицијата обвинува за кражба на 50-тина илјади гласови“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
За денот на гласањето, додаде тој, посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, повикувачки центри на СДСМ, потоа основано сомневање за полнење кутии, лажирање резултати, насилство врз набљудувачи.
„ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јовески го нема. Човекот чека некој друг да му ја заврши работата“, рече Стоилковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец“ со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите, наводно, го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголема е излезноста во Новаци – 42,87, а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Останатите се во обработка.