Контакт

Политика

Внатрешна иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Согласно определбата, Република Македонија да се развива како парламентарна демократија, неопходно и потребно е политичките партии да бидат моделирани и функционални како демократски партии.

dobivaj vesti na viber

Платформата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ нуди решенија преку кои нашата партија ќе се реформира во пример за демократизирана партија во Република Македонија. Почитувани сопартијци, размислувајте трезвено, кој и кон што не води… Нашата партија, ВМРО ДПМНЕ е партијата која што се бореше и се избори за независна држава. Нашата партија се залагаше за македонска полиција и македонска армија, наши македонски пари.

Нашата партија е демохристијанска, а начелата на ВМРО се чесност, правичност, интегритет, демократија. Членуваме во бројни меѓународни организации, а бевме почитувани од сите сестрински партии. Не подржуваа додека можеа… Но, после вчерашниот говор на Претседателот Иванов, влеговме во графата на „недемократска партија“.

Нашите сестрински партии се од држави кои се членки на ЕУ, наши докажани пријатели па неприфатливо е ВМРО ДПМНЕ да води анти НАТО и анти ЕУ политики. Постои опасност целата партија да биде осудена и прогласена за недемократска. Ние сме чесни демократи, и најголемиот дел од нас, до денес го подржувавме раководството, иако бевме свесни дека работите не се како што треба. Дадовме максимум на изборите, со надеж дека состојбите ќе се подобрат после нив. Постои опасност нашата партија да биде изолирана и екскомуницирана, да биде исклучена од сите меѓународни сестрински и пријателски организации и форуми. Да биде обележана и стигматизирана од сите.

Со фактот дека нашето раководство ја прифати платформата и започна преговори со ДУИ, а Претседателот Иванов го даде мандатот за формирање на влада, кога не беше постигнат договор само заради темата СЈО, стана јасно дека сме биле изманипулирани. Станува јасно, дека раководството се грижи единствено за себе, и воопшто не им е важна иднината на партијата. Нашата партија е украдена и злоупотребена, а со тоа и нашите чест и углед. Не заслужуваме да бидеме поистоветувани со тие луѓе. Зошто еден ден да се срамиме затоа што сме учествувале во овој циркус? Погледнете се меѓу себе и одговорете си – кој од раководството е избран од вас? Кој лично ја заслужи вашата доверба да ве води? Никој!

– Поставени ви се претседателите на ОК по однапред диктиран модел, на фиктивни конкурси. Од горе ви ги бираат кандидатите за градоначаници, од горе ви ги поставуваат кандидатите за пратеници, сами се бираат во ЦК и ИК. Си работеа во затворен круг, а нас нè залажуваа со разни „нови бранови“. Нас, лојалните членови нè користат како барикади и топовско месо… Кажете кој од нив го избравте вие? Не гледате ли дека најголем дел од напрчената „партиска елита“ во чесна постапка не би поминала на избори ниту во КИМ.

Со вчерашното обраќање на Претседателот Иванов ги видовме последиците од султанскиот модел на управување. Ваквиот себичен однос кон партијата и кон државата, води директно токму кон тоа од кое божем ја браниме татковината – меѓусебно изолирање и затварање на населението во кантони, табори по етничка основа, федерализација и конечно растурање на Република Македонија. Зарем ќе прифатиме токму ние, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои живеевме со идејата за силна и напредна, обединета и Европска Македонија, да бидеме одговорни за нејзиното уништување? Секој проблем има решение, но некои решенија создаваат нови, уште поголеми проблеми. Затоа треба да се биде мудар кога се одлучува за иднината на Македонија.

Ако сите ние, чесните членови, заедно и сплотени, сите заеднички се ислушаме меѓусебно и ги донесеме вистинските одлуки врз база на наш меѓусебен договор, ќе ги спасиме и државата и партијата. Повторно ВМРО ДПМНЕ ќе биде нашата гордост! Со реформирана партија, прифатена и подржана од целиот свет, од сите наши сестрински партии, а црпејќи ја силата од сите нас, од вистинските искрени членови, ќе продолжиме да бидеме најсилен фактор на политичката сцена во Македонија! И ќе бидеме почитувани а не омразени, проколнувани и плукани од нашите соседи и пријатели. Побргу да го заборавиме ова криминално зло што ја снајде партијата, оваа несреќа за Македонија! За потоа да тргнеме заедно, посилни од кога било! Да тргнеме во нови изборни победи, победи за Македонија. Да живее Република Македонија! Да живее ВМРО ДПМНЕ! (пренесено интегрално)

Македонија

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Објавено пред

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).

dobivaj vesti na viber

Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.

„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.

Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Објавено пред

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.

Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Објавено пред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

dobivaj vesti na viber

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија55 минути

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет1 час

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија2 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија2 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија3 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија14 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија14 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија14 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија14 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија19 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија20 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија20 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија23 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...