Политика
СДСМ упорно молчи и се крие за прифаќањето на Тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Тиранската платформа се прочита на говорницата во Собранието на РМ. Според партијата, таа се состои од неуставни елементи, со чие реализирање ќе дојде до редефинирање на Република Македонија.
„Македонската јавност уште еднаш имаше прилика да ја забележи дволичноста на криминогениот СДСМ и нивниот претседател аболицираниот криминалец Зоран Заев кои за лична корист тргуваат со интересите на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ јавно ја отрфли Тиранската Платформа и го потврди својот став дека нема да формира Влада по секоја цена„ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено во петокот.
Според оваа партија, патоказот која го понудила е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата.
“Убедени сме дека со чесен пристап, откако ќе одговориме на отворените дилеми, ќе го имаме и одговорот во која насока треба да го бараме излезот од сегашната ситуација.
Да се усогласиме дали важноста на политичката пракса за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор?
Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.
Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за државата?
Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата претседател на Собранието на РМ логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување?
Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција претседателот на Собранието на РМ не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието ?
Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници?
Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија?„ се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ има изградено позиции по овие прашања кои што се водат од заедничкиот интерес на државата и на сите нејзини граѓани без оглед на нивната етничка или политичка припадност.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот
Во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови вработувања и историски најниски 7% невработеност.
Ова го истакна д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Денеска Филипче ја продолжува својата агенда во рамки на предизборното претставување во Изборната единица 4.
„СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која го поттикнува нивниот развој“, рече Филипче.
Филипче потсети дека изминатите седум години мандат, СДСМ ја поддржуваше економијата на неколку колосеци.
„Ги охрабрувавме ентузијастите својата идеја да ја преточат во реалност да отворат свој сопствен бизнис. Локалната економија, малите бизниси се важен сегмент и околу нив градевме и ќе продолжиме да градиме стратегијата за развој на домашната економија“, вели Филипче.
Во таа насока, ќе продолжи креирањето на политики кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој преку транспарентно и отчетно однесување со секој денар на граѓаните, додава Филипче.
Со цел, пак, подобро управување со енергетските компании кои имаат клучен удел во вкупната економска активност, СДСМ државните енергетски капацитети ќе ги предаде во рацете на граѓаните.
„Планираме енергетските компании да ги вратиме кај граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и деца, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство. Така контролата за работењето на енергетските компании ќе биде во рацете на граѓаните“, завршува Филипче.
Македонија
Силјановска-Давкова: Потребен ни е професионален кадар на соодветни безбедносни позиции
Денес во хотел „Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje) се одржа втората трибина од циклусот за претставување на клучните точки од програмата „Македонија повторно горда“ на тема „Национална безбедност“ на кандидатката за претседателка на Македонија професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Учесници беа проф. д-р. Тимчо Муцунски, Наќе Чулев поранешен министер за внатрешни работи, Анастасија Илиеска поранешен државен секретар во МВР, Емил Димитриев, поранешен премиер на Република Македонија.
– Како ќе бидеме ние Европска држава ако сме постојано во кризна состојба. Нас не дефинираа како држава која е цикличен, постојан хибриден режим, партизирана нефункционална заради врхушката на ДУИ и СДСМ. Мора да ни се случи game change и во безбедносниот сектор, зошто станавме пропадната држава. Еднаш треба да создадеме систем без оглед кој е на власт. Професионалниот кадар да биде на соодветни позиции. Да продолжиме да ги исполнуваме стандардите на НАТО, рече претседателската кандидатска Силјановска-Давкова.
Македонија
Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун, за да се откупи македонскиот по повисоки и пристојни цени
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 денес заедно со кандидати и идни пратеници во новото македонско Собрание од општините Конче и Радовиш, беше во посета на капитални инфраструктурни проекти во општина Конче. Според Николовски, работата на градоначалникот покажува дека и во малите средини во Македонија може да се работи успешно и убаво доколку се има волја и доколку се работи чесно.
– Можам да кажам дека после изборите ќе има огромна поддршка за општина Конче со цел да се реализираат проектите кои што се од витално значење за сите оние кои што живеат овде. Тука е секако и поддршката на земјоделието каде што можеби и најбитната работа поврзана со земјоделието е тутунот кој што се одгледува најмногу во општина Конче. Планираме да го донесеме законот за тутун кој што два пати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси. Имено, со тој закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, македонското злато да се откупува по повисоки и пристојни цени, како би можеле сите земјоделци пристојно да живеат. Така што тоа е она наше основно ветување односно тутунот, рече Николоски.
Тој вети и зголемувањата на субвенциите за тутун, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите.
– Во делот на земјоделието планираме возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец. А, тука ќе работиме интензивно и на она што е желба на жителите и на Конче и на општина Радовиш а тоа е носење на една поголема странска инвестиција која што треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај, рече Николоски во Конче.
Тој повика граѓаните масово да излезат и на претседателските и на парламентарните избори оти тоа е клучно. Како што рече Николовски, со масовна излезност ќе може да се спречи оваа влада на СДСМ и на ДУИ, а двете политички партии да одат во опозиција и конечно да се удри во чело на криминалот и корупцијата во Македонија, да се воведе функционален систем на владеење на правото и Македонија економски да се развива.