Политика
Груевски-Хaјндл: ВМРО-ДПМНЕ е посветена на наоѓање брз излез од кризата

ВМРО-ДПМНЕ е посветена на изнаоѓањето решенија кои би значеле брз излез од наметната политичка криза, а за тоа е неопходна волја, и посветеност на сите субјекти за тоа, како и нивна активна партиципација и искрен пристап, истакнал челникот на владејачката партија Никола Груевски, кој во четвртокот попладнето во партиското седиште се сретна со Јоханес Хајндл, специјален претставник на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба да помогне во надминувањето на длабоката политичка криза во земјата.
„Интерес на државата и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кои ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство“, рекол Груевски пред Ханјдл, во разговорот посветен на актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија, се наведува во информацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на владејачката партија, исто така, истакнал дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните и нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество.
Груевски нагласил дека во носењето на своите одлуки поаѓа од интересот на граѓаните и почитување на нивната волја, притоа запазувајќи ги државните интереси.
Во поглед на интеграциските процеси, Груевски истакнал дека стратешки интерес за државата е членството во Европската унија и НАТО алијансата и оти континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозеле идентитетот и јазикот

„Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослаби државните позиции во односите со Бугарија. Мицкоски лично присуствуваше на конгрес на Европската народна партија, каде што премолчено се согласи на резолуција што ги промовира бугарските позиции. Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозеле идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал, а државата ќе се бугаризирала“, рече, меѓу другото, на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Марин Костовски.
Тој вели дека „со таквото срамно однесување Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси“.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со резолуцијата усвоена во македонското Собрание. За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било“, вели пратеникот од владејачката партија.
Македонија
Организацијата „Жени, мајки, родољупки на Македонија“ со протестно писмо до Османи – да се укинат преспанскиот и договорoт со Бугарија

Организацијата „Жени, мајки, родољупки на Македонија“ – „Ангелина Маркус“ упати протестно писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во кое се бара од него да ги раскине преспанскиот договор со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија затоа што биле нелегални и нелегитимни според меѓународните правни норми.
Здружението побара одговор од Османи зошто меѓу службите на Обединетите нации се одомаќила употребата на терминот „јазикот на РСМ“ наместо употребата на „македонски јазик“.
„Веќе извесен период кружат вести за интерна препорака за употреба на терминот ‘јазикот на РСМ’ во ООН. Одговорете ни дали постои таков јазик?“, прашуваат од здружението „Ангелина Маркус“.
Од таму сметаат дека има само еден излез за проблемите со Бугарија и Грција.
„Бараме од МНР да ја постави и раководи постапката за еднострано раскинување на двата ништовни, нелегитимни и нелегални договора , преспанскиот и бугарскиот и да обезбедите членството на државата во ООН да продолжи под името Република Македонија во согласност со важечкиот референдум од 1991 година, на кој имаше огромен одѕив од 70 %“, побара здружението.
Организацијата бара од Османи да испрати нота и писмено барање до ООН, до ЕУ и до сите инстанции за принципиелно однесување и враќање на одредницата „македонски“, „македонски народ“ и „македонски јазик“ во сите официјални и интерни документи на ООН и ЕУ.
„Нашиот идентитетот, на македонскиот народ, е неразделив од името Македонија. Сè почнува и сè завршува од тука! И националниот идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа етницитетот, историското минато, културата и територијата! А јазикот наш насушен македонски е ризница на нашата меморија!“, додадоа од здружението „Ангелина Маркус“.
Орце Костов
Македонија
Арсовски: Дали тим од МНР денеска е на тајни преговори во Софија за прифаќање на предлогот и протоколот?

„Тотален дебакл и перманентно нарушување на сите преговарачки позиции со Бугарија е резултат на оваа Влада, предводена од СДСМ и ДУИ. Смешни се кога ги слушаме од Владата дека велат оти државата била цел на хибриден напад, кој ниту се обиделе да го спречат доколку го имало ниту поднесуваат одговорност затоа што не можеле да го спречат доколку имало такво напад. Смешни оправдувања за неспособноста на оваа Влада!“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој прашува:
– „Дали денеска има тим од МНР, кој е пратен во Република Бугарија да преговара за францускиот предлог?
– Дали е точно дека овој тим денеска преговара за предлогот да биде ставен во протокол за Европската Унија?
– Дали со ова молчење тимот од МНР ја крои тажната судбина на државата далеку од очите на јавноста, каде што ги води овие преговори во Софија?“
„Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите други да одговорат што работат и што преговараат тајно, далеку од очите јавноста во однос на ова прашање поврзано со францускиот предлог. Ваков дебакл, каков што им се случи на Република Македонија и на граѓаните, не се случил никогаш и никаде во ниту една дипломатија“, порача Арсовски.