Политика
Враќање
Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ
Си ја враќаме ли иднината во минатото? Се надевам ја разбравте играта зборови со насловот, па ако сакате и содржината на еден холивудски филм пародија на “the American way of life”. Се вика “Враќање во иднината” и си поигрува со тоа каде денешната криза на вредностите го води американското општество.
Кај нас, за жал, вредностите ни се толку приземјени што за понатамошен пад им останува само подземјето, па оттаму процесите низ кои минува денес нашиот обид за демократија не се ништо друго туку враќање на иднината и нејзиното натиснување во минатото.
Сите настани на политичката сцена одат во тој правец. Демократското подземје се враќа, не само со обидот СДСМ да се “поднови” со стари крпеници. Се повторуваат феномени од стилот “тука сме, тепајте”. Разликата е само во текстот на маичките. Целта е иста. По налог, “жртвите” на неслободата на печатот, инаку поданички души на своите газди од вицот “извини шефе што ти вртам грб додека ме онадиш”, тргнаа по улиците на Скопје докрај да го закопаат и она малку углед што ни истана и нам и на државата, која очигледно им е туѓа, и да ì додадат уште еден услов за напредок во европското семејство.
На голема радост на Грците. Наместо да појдат пред палатите на олигарсите кои му ги потсекоа крилјата на македонското новинарство и од првоборец за демократизација го сторија записничарска професија, регистар на амбициите, многу често суетата и најмногу на интересите на газдата, тие тргнаа на поход против власта, судството, правото на индивидуата да си ја штити честа! И тоа за 200 евра, под маса!
Пред тоа млекарите, онака самоуправно како од последните денови на претходниот поредок, измамени од Сведмилк и трговците, напизмени од “жртвите” на неслободата на печатот, конечно страдални и од својата алчност да продаваат по нереално високи цени, бараа ние сите други даночни обврзници да им ја платиме глупоста, истопорени пред Владата, обвинувајќи ја за сè, па дури и за “Шведската” инвестиција, која ја донесе претходниот премиер Владо Бучковски.
Манипулаторот, државникот држалник, задоволно трие со рацете. Му се реализира планчето за враќање на голема врата како спасител на нацијата.
Цената на алчноста и глупоста ја бележа Македонија, како земја на неповолна клима за странски инвестиции. Листата ќе да е долга, мачна и навредлива. Тука се професионалните војници, стечајците, кои упорно ја грешат адресата и бараат од оваа Влада да им го врати она што со Законот за приватизација, кој е пример за узурпација и во светот врз него се учи како да не се уништува едно стопанство, им го зеде владата на Бранко Црвенковски. Од 1994 до 1988 година, кога со измама ја приграбија власта, но и највредното од стопанството, па нè суредија сите, на чело со државата. Сами во парламентот, што според тогашните (и сегашни, кога ќе им притреба) стандарди на сдсмовската демократија, не било диктатура, туку, диктатура била сегашната власт, добиена со трикратната убедлива изборна победа, која никогаш не ја доживеале!
Тука, меѓутоа, не завршува тажната прикаска за уривање на Македонија за да се спаси СДСМ и со староновите црвени бои на аловиот Бранко Црвенкоски да се врати на власт.
Матурантите не сакаат проверка на наученото, децата од архитектура се бунат против црква, но не и против естетската девастација на Скопје од нивниот учител и водач Грчев, уништувачот на Дебар Маало. Атеисти се борат со верници, за да на тапет биде Уставниот суд, пополнет уште на времето, кога СДСМ беше на власт. Жртва е Уставот, во чијашто заштита станаа и најбучни се токму тие што упорно бараат капиџик во него, од страна и наспроти волјата на граѓаните да ги заграбат уздите и нашиот живот, за да преживеат.
СДСМ, наследничката на узурпираниот комунизам, на бездарниците на хоризонталната ротација, која уште во 70-тите години на минатиот век ја уништи Југославија, не умее да постои ако не владее!
Погледнете три години наназад и ќе ја доживеете несреќната судбина на паднатата до подземје социјалдемократија, која не само што не е, туку и никогаш не била партија на работниците, средната класа и интелектуалците. Колку и да нè убедуваат дека ì се приклонија на од нивните татковци омразената Социјалистичка интернационала и со тоа добиле европски атест, тие никогаш не ги делеле нејзините вредности, туку се, а од 12 мај уште повеќе ќе бидат, алатка на македонската олигархија, создадена од нивните редови!
Конечно, сценариото за враќање на нашата иднина не ќе биде комплетно без продажбата на македонските вредности во замена за толку посакуваната, никогаш до крај неповратена и освоена власт.
Сојузот со радикалната, екстремна би рекол албанска кауза Македонија да ја повелаат (поделат) две нации, овојпат застапувана од Мендух Тачи, но и нивната дружба со грчкиот диктат да се откажеме од името, идентитетот и државата, што не се разликува битно од тезата на некои албански стратези дека Македонија ќе може да ја има само ако стане и нивна со обезличување на нашиот национален, културен и религиозен идентитет во територијална одредница, јасно говорат за цената која поцрвенетите Кмери на Бранко Црвенковски се спремни да ја платат во замена за враќање во минатото кога сами владееја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.