Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно има граѓани кои чувстуваат последедици од транзицијата на Црвеновски

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата на СДСМ, искажани во писмаената изјава на нивниoт порптарол Емилијан Станковиќ во врска со формирањето на здружението „Отпор кон Бранко Црвенковски“
„Очигледно е дека во Република Македонија има граѓани кои длабоко во себе ги носат последиците од транзицијата. Иако ги разбираме чуствата на граѓаните, сакаме да укажеме дека не е добро што својот протест го искажале пред седиштето на СДСМ.“, се вели во кусата писмена реакција валдејачката ВМРО-ДПМНЕ, која истовремено апелира до граѓаните на разумно однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните

„Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните“ обвинуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму порачуваат „освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови“.
„Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.
Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски

„Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението од партијата се вели и дека „министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните“.
„Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој во тоа време ја предводеше ОНА.
Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“.
„Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците“ – се додава во документот.
Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација.
Договорот содржи и три Анекси: А. Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.
Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто подоцна прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.