Контакт

Политика

Нов земјотрес во Валандовско

Објавено пред

Земјотрес со силина од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала го погоди утринава Дојранско-валандовскиот регион во 8.34 часот

dobivaj vesti na viber

Во текот ноќта од понеделник на вторник не се забележани потреси во југоисточниот дел на земјата, rрече за www.forum.com.mk Мишко Талески, портпаролот на Центарот за управување со кризи, според извештајот на Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно–математички факултет.Црвениот крст на Македонија соопшти дека ќе испрати пакети храна, ќебиња, вреќи за спиење, прашок за перење за 150 семејства од најпогодените подрачја во валандовско и гевгелиско.Дирекцијата за заштита и спасување во валандовското село Башибоз постави три шатора со 30 кревети и 150 ќебиња за згрижување на населението.Во селата во кои најсилно се почувствуваа потресите изминатите денови, се лоцираи две санитарни возила, две противпожарни и едно возило со десет волонтери од доброволно противпожарно друштво од Свети Николе, како и екипа од Црвениот крст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Охридскиот рамковен договор е важен документ кој донесе мир и ги отвори вратите кон евроинтеграциите

Објавено пред

„Рамковниот договор, потпишан на денешен ден пред 21 година во Охрид, стави крај на конфликтот од 2001 година и отвори почеток на ново поглавје во политичкиот живот на Македонија. Охридскиот рамковен договор е важен документ, неиздвоив дел од историјата на државата, договор, кој донесе мир, правична застапеност на заедниците во општестениот живот, соживот во мултиетничкиот карактер на македонското општество. Тој е патоказот кон стабилната иднина, документ кој ги отвори вратите кон евроинтеграциите на државата и пример за надминување на поделбите“ соопштија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „државата во изминатите две децении се издигна над поделбите, во општество пример за соживот, толеранција, социјална правда, еднакви можности за сите граѓани“.

„Денеска, благодарение на одговорните и државнички политики на СДСМ, Република Северна Македонија го живее концептот „Едно општество за сите“, како полноправна членка на НАТО, со започнати преговори за членство во Европската унија. Денес нашиот територијален интегритет е заштитен од најмоќниот сојуз на светот, денес државата е еднаква со демократскиот свет. По 21 година од потпишувањето на Рамковниот договор нема делби, туку инклузивно и мирно решавање на сите предизвици, посветеност на економскиот напредок и благосостојбата на сите граѓани“ велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните

Објавено пред

„Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните“ обвинуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму порачуваат „освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови“.

„Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.
Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски

Објавено пред

„Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението од партијата се вели и дека „министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните“.

„Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден...

Македонија2 часа

Пендаровски: Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет

  Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со порака: „Пред 21 година,...

Регион3 часа

Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил...

Европа4 часа

Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на...

Македонија4 часа

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна...

Свет4 часа

Писателот Салман Ружди е опериран, не може да зборува и најверојатно ќе го загуби окото

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди (75) , кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот од...

Македонија16 часа

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен...

Македонија16 часа

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот...

Регион17 часа

(Видео) Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина...

Европа18 часа

Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за...

Економија19 часа

Во јавните згради во Германија ќе се дозволи греење до максимални 19 степени Целзиусови

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска најави нови регулативи кои ќе се однесуваат на заштеда на енергија поради страв...

Свет21 час

Пекинг ја предупреди Америка: Борбата против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро

Бoрбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни...

Македонија22 часа

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе почнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е почнат бидејќи се чека да заврши скринингот,...

Македонија24 часа

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид-19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот,...

Топ24 часа

Мотоциклист почина во сообраќајна несреќа во Кочани

Синоќа, во 18.55 часот, било пријавено дека на експресниот пат во изградба, Кочани – Крупиште, кај клучката за с. Спанчево,...

Економија24 часа

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции....

Топ1 ден

Со закана со пиштол успеале да изнудат 20.000 евра, приведени две лица од Скопје

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во координација...

Европа1 ден

Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземените привилегии

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, го тужи парламентот во обид да ги врати посебните привилегии што му беа одземени во...

Македонија1 ден

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се грижат за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги...

Европа1 ден

„Вашингтон пост“: ФБИ кај Трамп бараше документи поврзани со нуклеарно оружје

За време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, агенти на ФБИ пребарувале доверливи документи поврзани со...