Контакт

Политика

АМС: Изборот на Наумоска е според бараните критериуми

Објавено пред

Агенцијата за млади и спорт(АМС) е категорична дека изборот на Бојана Наумоска за младински претставник во Управниот Одбор на РИКО е извршен согласно критериумите.

 

„Агенцијата за млади и спорт изразува жалење што и по исполнувањето на сите барања на невладините организации и обидот целокупниот процес да биде отворен и транспарентен, неколку невладини организации прават обид за дискредитирање на процесот и работата на Агенцијата за млади и спорт“, се вели во соопштението на АМС.

Од Агенцијата апелираат до СДСМ да не ја користи оваа иницијатива во рамки на преидзборниот процес, за собирање политички поени.

СДСМ во петок најави дека ќе изврши ревизија на изборот на младински претставник во Управниот Одбор на РИКО. /крај/со/ст

Македонија

Николоски: Владата да одговори како ќе гласат амандманите на Уставот

Објавено пред

Од

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес-конференција побара одговор како ќе гласат амандманите на Уставот на Република Македонија.

„Имајќи предвид дека Владата и МНР, како и министерот Димитров како потписник на договорот бегаат од одговори, а премиерот Заев ја кажа вистината кога рече дека помеѓу другото не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот. Сакам да прашам – која е причината што пред најкрупната одлука граѓаните се излажани, изманипулирани и ги немаат сите факти пред себе за да можат да донесат правилна одлука на 30 септември“,  праша Николоски.

Тој побара од Владата да не бега од одговори со фрази за членство во ЕУ и НАТО туку конкретно да одговори и да се произнесе. ВМРО-ДПМНЕ праша дали е вистина дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста. Според сознанија на опозицијата, тие не се подготвени од македонската Влада, туку од грчката и се дадени во форма на нонпејпер.

„Од македонска страна е ангажиран само еден пензиониран професор по уставно право, чија задача е само технички да ги среди истите. На што се должи ваквиот капитулантски однос кон Грција таа да ги пишува амандманите што треба македонското Собрание евентуално да ги усвои?“, рече Николоски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Попова: Дали коцката на која газеа партизаните Шилегов си ја нареди во дворот на вилата во Маврово?

Објавено пред

Од

ВМРО-ДПМНЕ побара од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, да одговори дали коцката по која газеа скопските партизани во 1944 година кога влегуваа во ослободено Скопје, коцката на која беше направена прославата за ослободувањето на Скопје и коцката на која е прогласена независноста на Република Македонија на 8 септември во 1991 година градоначалникот си ја наредил во дворот на својата вила во Маврово.

„Очигледно Шилегов мирисот и сеќавањата за старо Скопје реши да го овековочи во дворот на својата луксузна вила во Маврово. Додека скопјани возат по улици полни со дупки, додека десетици проекти стојат запрени, Шилегов ќе гази по гранитни коцки, како и старите скопјани. По објавување на аферата од страна на медиумите, Шилегов молчи и не демантира, со што само ги потврдува изнесените информации“, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека Шилегов мора да одговори на сомнежите дали гранитните коцки кои ги реди во својата луксузна вила се од депоата на ЈП „Улици и патишта“? Доколку не се, треба да ги покаже фактурите од каде се земени.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Референдумот да се одржи, оти нема да успее, порачаа од „Македонија бојкотира“

Објавено пред

Референдумот да се одржи оти нема да успее, порачаа од „Македонија бојкотира“.

„Уставниот суд одлучи според логиката на политиката, а не логиката на правото, но ова на марионетската власт ќе ѝ се врати како бумеранг оти по неуспешниот референдум почнува процесот на паѓање на оваа ненародна власт“, велат од кризниот штаб против референдумот.

Вчера Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром. Според очевидци едно лице од силината на ударите паднало во бесвест...

Вести4 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион5 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија8 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија10 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија10 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија12 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија12 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија12 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија12 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија12 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет14 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија23 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Досие