Политика
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ на најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (IRI) со седиште во Вашингтон, објави во средата порталот на неделникот Република .
Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред најголемата опозициска партија СДСМ, односоно води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти социјалдемократите кои имаат поддршка од 11 отсто од испитаниците.
Кога станува збор за челниците на политичките партии, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевскиима убедлива предност од 18 отсто доверба кај анкетираните граѓани, во однос на лидерот на социјалдемокатите Зоран Заев во кого веруваат 7 отсот од испитанциите. Челникот на албанскиот конституент во власта – ДУИ, Али Ахмети, има 6-процентната поддршка од гласачите, а лдиерот на оппозицската албанска партија ДПА, Менудх Тачи – 2 отсто
ВМРО-ДПМНЕ според граѓаните е најспособна од политичките партии за решавање на проблемите со економијата, невработеноста, корупцијата, владеењето на правото, меѓуетничките односи и локалните проблеми, безбедноста и сигурноста и интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
На прашањето за која партија би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори вкупно 23 отсто од граѓаните би ја дале својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, 11 отсто би гласале за СДСМ, за ДУИ би гласале 7 а ДПА 3 отсто.
Поддршката која ја има владејачката партија се должи во дел и на постојаната работа и присуството на теренот, па така во анкетата на IRI испитанциите се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивните населени места. Вкупно 47 отсто од испитаницте во анкетата се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија, а потоа следат СДСМ – 7 отсто, ДУИ 11 отсто, ДПА 2 отсто.
На прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните, 27 отсто од анкетираните одговориле дека тоа е ВМРО- ДПМНЕ, 13 отсто – СДСМ, ДУИ – 7 ДПА – 3 отсто.
Вкупно 28 проценти од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може подобро да ја развива економијата и да ја намалува невработеноста, а само 11 отсто од испитаниците сметаат дека тоа може да го направи СДСМ.
Во однос на обезбедување на владеењето на правото, 23 отсто дале доверба и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 10 отсто кои се изјасниле во полза за СДСМ.
Дека ВМРО-ДПМНЕ може успешно да се справи со проблемите во меѓуетничките односи сметаат речиси 21 отсто од граѓаните, а за СДСМ се изјасниле 9 отсто.
Според IRI, 21 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО- ДПМНЕ подобро може да се справи со криминалот и корупцијата, додека за СДСМ се орпеделиле 7 отсто.
Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро може да ја реализира интеграциската агенда за членство во ЕУ и НАТО. Владејачката партија има поддршка од 24 отсто од граѓаните за оваа тема, наспроти СДСМ за кого се изјасниле 13 отсто.
Владејачката партијата има доверба кај 27 отсто од испитаниците во попглед на обезбедувањето на безбедноста и сигурноста, наспроти 10 отсто од граѓаните кои сметаат дека СДСМ има поголем капацитет за оваа област.
ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и во однос на локалната самоуправа, со предност од 24 отсто наспроти 9 отсто за СДСМ.
Теренската анкета на Интернационалниот републикански институт е направена од 6 до 15 јуни врз репрезентативен примерок од 1. 105 испитаници./крај/мф/рп
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка, информираат од неговата кампања.
„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.
Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.
Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.
Македонија
Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија
Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.
– За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат, беше кажано на денешната прес конференција.
Од ВЛЕН (ВРЕДИ) информираа дека од Град Скопје се уште немаат никаков одговор на барањето да се одржи митинг на Плоштад Македонија, што тие го толкуваат како негативен одговор. Според шефовите на изборната кампања на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, негативна одлука донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција. Причината за тоа, според нив е обид да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг поради, како што рекоа, големата поддршка што ја има ВЛЕН (ВРЕДИ) од граѓаните.
– Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање. Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигд едруго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВЛЕН, со голем собир!, рекоа од ВЛЕН нагласувајќи дека централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот.
Македонија
Стојаноска: „Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци
Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
– Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош. Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда, додаде таа.