Контакт

Политика

Црвенковски повторно ќе застане на линијата на отпорот

Објавено пред

Поранешниот премиер, шеф на државата и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, во понеделникот со отворено писмо до јавноста му даде отворена поддршка на неговиот наследник како лидер на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, за објавувањето на `бомбите` и вели дека „оваа власт не се урива со опозиција, туку со народ“.

dobivaj vesti na viber

„На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку ‘Вистината за Македонија’ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за нечии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува“, пишува Црвенковски.

 

Според него, осознавањето на вистината „за карактерот на овој режим не е доволно тој режим“ да падне, „ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес -конфренции и лајкови на фејсбук“, туку “ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции може да биде поразена само од народ и со народ“.

 

За тоа да се случи, Црвенковски вели, треба да се направат неколку неопходни чекори.

 

„Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност“, пишува Црвенковски во писмото.

 

Според него, погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада.

 

„Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски  му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија“, пишува Црвенковски.

 

Поранешниот претседател на СДСМ смета дек приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само што не се случила па уште и се лицитира кој  на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни.

 

„По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни, но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски“, пишува Цренковски.

 

„Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: ‘ние Македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме’. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба“, додава Црвенковски.

 

Смета дека на Македонија во битката против „овој злосторнички и тоталитарен режим“ и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално “сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес“.

 

„Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многупати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача.Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни  етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат“, пишува Црвенковски.

 

„Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам  денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин како и на 24-ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови!И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа ‘каде е Бранко’, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на ‘отпорот’ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана. Сосема на крај. Денес е 20-ти април. Ја користам оваа прилика  на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата!“, завршува Црвенковски.

 

Тој, на почетокот од писмото објаснува дека во периодот на молк не бил ниту болен, ниту бил изложен на сериозни уцени и закани, па дури и дека не му е повредена суетата,  а најмалку дека не му е грижа ниту за народот ниту за државата./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Објавено пред

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.

– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.

Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.

– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.

Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

dobivaj vesti na viber

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Објавено пред

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.

dobivaj vesti na viber

„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.

„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада деновите на изборите – 24 април...

Македонија2 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија3 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет3 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет4 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија4 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет4 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија18 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија19 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија20 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија21 час

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија23 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...