Контакт

Политика

Димовски: Кочани се гради само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Објавено пред

Како и во цела источна Македонија, во Кочани, се гради, се создава и се отвораат фабрики само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, истакна носителот на листата во ИЕ 3, Илија Димовски од Кочани.

„Во Кочани се изградија многу суштински инфраструктурни проекти, тоа не се случуваше во време на СДСМ. Се изгради атмосферска канализациона мрежа, започна реализација на проектот за изградба на пречистителна станица и изградба на колекторски систем. Течат и активностите околу изградбата на браната Речани на Оризарска река, капитален проект важен за цел источен регион и има вредност од 27,3 милиони евра. Се рестартираше фабриката Руен, се отвори странска инвестиција Амфенол, како и странската инвестиција Антура и огромен број скоро 2.000 кочанчани за прв пат после долго време најдоа свое работно место во својот роден град“, рече Димовски.

Тој најави дека во Кочани ќе продолжи да се гради и како приоритет ја издвои изградбата на експресниот пат Штип-Кочани.

Втор значаен приоритет за Кочани што го најави Димовски во следниот период ќе биде изградбата на националниот гасоводен систем.

„Многу години во минатото, се ветуваа гасоводи низ Република Македонија, но оваа Влада е прва која што конкретно го гради гасоводниот систем. Тој е донесен до Штип до Вршаково, а во последниот период во Источна Македонија ќе се гради гасоводен магистрален вод што ќе оди во правец Штип- Кочани, Кочани- Виница, Виница- Разловци, Разловци два крака спрема Берово и спрема Делчево. Значи Кочани ќе биде еден од првите градови во Република Македонија, кој што ќе ја добие гасоводната магистрална линија во својата близина“, истакна Димовски.

Тој подвлече дека ќе се изврши и реконструкција, санација и внатрешно уредување на објектот на центарот за култура во Кочани. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Маричиќ: Судовите се ослободуваат од притисоци и испорачуваат правда со засилена динамика

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека е задоволен што динамиката на реформи во правосудството се зголемува.

Според Маричиќ, преку дигитализацијата ќе се надминат предизвиците во однос на транспарентноста во правосудството.

Тој ова го истакна во своето обраќање на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите во судството.

„Она што ме радува од извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17 процентни поени, во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот. Ова за мене е своевидна потврда на тоа што го говориме, дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика“, истакна министерот за правда.

Според Маричиќ, во правосудството моментално се решаваат проблеми наталожени со години, но и перцепции за судството наталожени со години.

Тој кажа дека со посветеност, во инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори, ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: 280.000 евра за кампања за спречување корупција, нов скандалозен тендер

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска реагира на владините постапки во врска со кампањата за спречување корупција.

„Денес, ќе објавиме нов тендер што го пушти Владата на Заев, тоа е набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за спречување корупција. Љупчо Николовски, откако почна да им брои чаши вода на министрите, сега веќе ќе прави заедно со Заев кампања во вредност од 14.436.865 денари или 240.000 евра без ДДВ, односно над 280.000 евра со ДДВ. Замислете, тендер за маркетинг-услуги за кампања за спречување корупција во вредност од над 280.000 евра. Па самиот тендер е сомнеж за сериозна корупција“, истакна Арсовски.

„Предвиделе ставка од Владата во овој тендер во вредност од 1.407.200 денари без ДДВ, подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор на сите канали, освен приватните радиодифузери на територијата на Македонија. Каков грабеж, луѓе“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Владата не смее да се рекламира во медиумите.

„Тоа е прво и основно и е нивна владина одлука од 2017 година. Потоа, закуп на медиумски простор на сите канали – кои канали? На каналите на Македонската радио-телевизија Владата секако се огласува и емитува бесплатно доколку е кампања од јавен интерес, како што ги водат и овие двете камапњи, кои тежат над 600.000 евра. Ова не е ништо повеќе, од класичен грабеж на државните и народните пари и плаќање кампања на СДСМ за локалните избори од државни пари. Вчера споменав, денес повторно ќе споменам, веќе се зборува кои агенции блиски до СДСМ ќе ги земат овие тендери. Практично истите тие ќе им работат и во кампања“, потенцира Арсовски.

Апелира Владата да прекине со овие тендери за кои, како што вели, се грабеж на македонскиот народ и македонската држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Милошоски: Што разговарале Заев и шефот на турската наркомафија во домот на премиeрот?

Објавено пред

Лично Седет Пекер, шефот на турската наркомафија, кој е меѓу лицата што добиле македонска патна исправа пред два дена, рече дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома, посочи на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Притоа тој истакна дека сега се поставува прашање што крие Заев од јавноста и што треба јавноста да знае за неговата релација со Седат Пекер за кој рече дека во Македонија престојувал цели 3 месеци и се движел со полициска придружба.

„Нашето прашање до Заев е следново: Кога имал средба со Седат Пекер надвор од Скопје? Второто прашање до Заев е: Колку од неговите советници во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер? И нашето трето прашање е: Со кои високи функционери од МВР во октомври 2020 година Седат Пекер имал средба во хотелот ‘Буши’ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?“, јавно запраша Милошоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти овие три прашања Заев мора да ги одговори за да се расчисти, како што рече, ситуацијата за тоа кој дал налог за издавање 214 пасоши на наркобосови од регионот, кои се барани со меѓународни потерници.

Милошоски истакна и дека единствената точка што ги поврзува Седат Пекер и Зоран Заев се наркотиците.

„Дали можеби марихуаната била предмет на разговори помеѓу Заев и Пекер или можеби разговори се воделе за можни инвестиции на Седат Пекер во угостителскиот и трговско-туристичкиот сектор на Македонија?

Сметаме дека Зоран Заев е човекот што знаел зошто Седат Пекер, кога бил уапсен, не бил протеран во Турција, каде што државата има објавено потерница, а исто така и Интерпол, туку бил екстрадиран во соседно Косово.

Очекуваме ЈО да отвори истрага по овој предмет, да го повика лично и Зоран Заев на разговор, но да повика и неколку советници од кабинетот на Заев, кои оствариле лично средби со мафијашот Седат Пекер изминатите неколку месеци“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија3 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа3 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа3 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет4 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија16 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија20 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија20 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија22 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија23 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија24 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие