Контакт

Политика

Георгиевски: На Јанева да ѝ се даде простор

Објавено пред

На специјалната обвинителка Катица Јанева треба да и се остави простор за работа, а власта кон неа не треба да биде толку агресивна, смета лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, кој  ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство и очекува до изборите да се расчисти кој и зошто прислушкувал во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Власта нема потреба од вакво агресивно однесување кон Катица Јанева. Треба да ѝ се даде малку простор“, рече Георгиевски, одговарајќи на прашањето што мисли за случувањата околу презентирањето на извештајот СЈО на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.За предизборните коалицирања, тој изјави дека се преговара со партиите од таканаречениот трет блок, но преговорите не се финализирани. ВМРО-НП комуницирала и со СДСМ, но како што рече, има чувство дека СДСМ се откажал од идејата за една голема коалиција.Георгиевски смета дури и дека можно е изборите на 11 декември да не се одржат, иако тој  се подготвува како да ќе има. Тој го повтори ставот на ВМРО-НП дека најдобро било да се организираат и локални и парламентарни избори заедно.За тоа колкав имот на ВМРО-ДПМНЕ оставил зад себе која ја напушти лидерската позиција, Георгиевски вели дека оставиле многу простории, но дека дискутабилна е нивната вредност, а од тогаш до сега имотот многукратно се зголемил.„Оставивме многу простор, централното седиште и општински центри, но очигледно имотот драстично се зголемил“, рече тој. Инаку, Георгиевски предлага секое село да стане општина и со тоа да добие политички и економски инпут, а ако има избори оваа идеја ќе биде дел од партиската програма.„Секој ден ги слушам ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како се натпреваруваат со решенија за микро проблеми. Ние сакаме да пласираме системско политичко решение кое ќе донесе промени на многу нешта во Македонија. Секое село може да стане општина, да се направи тотална децентрализација. Верувам дека оваа провокација ќе биде прифатена од многу структури“, рече Георгиевски на денешната прес коференција.Со тоа, според него, ќе се реши проблемот со иселувањето на луѓето од селата во градовите и во странство, а ќе се реши и голема неправда.„Сега сите општини во Македонија работат за општина Центар, која не сака да и се прави тоа што и се прави. Ако сакате во некое село да направите нешто, таму нема со кого да комуницирате. Македонија е веројатно единствената земја што функционира на овој начин. Ако влеземе во ЕУ селата бидејќи немаат ниту жиро сметки нема да може да аплицираат за проекти. Ако оваа децентрализација не се направи сега, ќе мора тогаш. Ова ќе треба да биде пропратено и со финансиска децентрализација“, рече Георгиевски.На овој начин, смета лидерот на ВМРО-НП, ќе се релаксираат и меѓуетничките односи./крај /со/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Светската банка препорача зголемување на границата на пензионирање и на стапката на ДДВ

Северна Македонија има пензиски дефицит и без реформа, тој уште повеќе би се зголемил, оценува Светската банка во новиот извештај...

Топ3 часа

Загина млад скопјанец: дошол да му донесе јадење на татка си и паднал од објект во изградба

Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот по пад од објект во изградба на Бит Пазар. Според информациите од...

Македонија3 часа

Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба...

Македонија5 часа

По назначувањето две лица на црната листа на САД, ОЈО ја засилува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по предметот оформен по назначувањето две лица на црната листа на САД, презеде дејства во...

Македонија6 часа

Мицкоски: Ќе има предвремени парламентарни избори ако оваа Влада ги изгуби локалните в година

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори доколку Владата која ја предводи ги изгуби локалните избори...

Македонија7 часа

Се работат многу случаи за криминал на поранешни високи функционери од ДУИ, Мицкоски уверува дека јавноста набргу ќе слушне за нив

Актуелното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) повеќе се грижи да го заштити капиталот за кој постаојат сомневања дека...

Македонија8 часа

Време е за враќање на мандатот кај граѓаните, да ставиме крај на неспособноста и корупцијата на нелегитимната Влада, бара ДУИ

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период,...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија10 часа

Од скопско „тобако“ уништени речиси 2 тони небезбедна храна

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство во Скопје, спроведе контрола...

Македонија10 часа

Ахмети: Одлуката на Уставниот суд за еднострано свикување јавна дебата за репреговарање на Охридскиот мировен договор е апсурдна

Синоќа, на голем собир во Гостивар, претседателот на ДУИ, Али Ахмети остро ја осуди одлуката на Уставниот суд за еднострано...

Топ10 часа

(Видео) Запленети речиси четири тони марихуана во Валандовско

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР...

Европа13 часа

(Видео) Падна рингишпил во Бирмингем, неколкумина повредени

Две лица се префрлени во болница, а неколкумина се повредени откако се расипа рингишпил на саем во Бирмингем, пишува Скај...

Свет13 часа

„Мета“ му донира милион долари на Трамп

Мета донираше 1 милион долари на инаугуративниот фонд на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, потврди компанијата за Си-ен-ен. Да потсетиме, шефот...

Свет13 часа

Блинкен и Ердоган се сретнаа, разговараа за ситуацијата во Сирија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна вчера во Турција на разговори фокусирани на клучниот аспект за воспоставување стабилност во Сирија,...

Европа13 часа

Америка најави нов пакет-оружје за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје за Украина, иако количината или содржината на пакетот не се...

Македонија1 ден

Уставниот суд самиот треба да решава, а не ние да му кажуваме како да работи, вели Сиљановска-Давкова

Одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците е очекувана за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова....

Македонија1 ден

Се врши претрес во Судскиот совет за да се обезбедат записници поврзани со мандатот на Дамева

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет. Oд Јавното обвинителство информираат дека претресот се врши за...

Македонија1 ден

Кузеска: Скандал – сопруга на градоначалник од ДПМНЕ избрана за член на Судскиот совет

Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозен е изборот на Данка...

Македонија1 ден

За ДУИ, однесувањето на претседателот на Уставниот суд е неприфатливо и скандалозно, бараат итна оставка

„ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. Одлуката...

Македонија1 ден

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиона евра годишно, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и на министерствата. Истражувањето...