Политика
Груевски: Бранко е од Господ, и тој го стави Заев на чело на партијата
Опозицијата која го заглави Охрид во долгови од 50 милиони евра, пред извесно време имаше настан во истата сала, каде во сабота и владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше народен собир, а до сега успеала да го намали долгот за 3 милиони евра и исплатени се над 8 милиони евра камати.
Опозицијата која го заглави Охрид во долгови од 50 милиони евра, пред извесно време имаше настан во истата сала, каде во сабота и владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше народен собир, а до сега успеала да го намали долгот за 3 милиони евра и исплатени се над 8 милиони евра камати.
Премиерот Никола Груевски на народниот собир во Охрид, рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одбрал токму во Охрид да ја упати пораката дека тој е од Господ собран од нива да ја спаси Македонија, затоа што знаел дека во Охрид имало верници и могу цркви и дека тука тоа ќе му го поверувале.
Но, Груевски постави дилема, дека по пројавувањето ан поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски со писмо во јавноста, членството на СДСМ било во дилема „кој е од Господ, Црвенковски или Заев…“. Премиерот им ја реши дилемата: „Бранко е од Господ и тој го собал Заев од нивата во Моноспитово и го ставил на чело на СДСМ.“
Груевски рече дека тоа е истата опозиција која го удавила Охрид во криминали, во перење пари, во незаконски набавки и договори, истата опозиција која „шуруваше со подземјето, чии експоненти со нога ја отвораа вратата на градоначалникот, го киднапираа и третираа како измеќар, град во кој избори на СДСМ истите тие од подземјето му ги добиваа со купување гласови, со притисоци и закани кон граѓаните од сите заедници, а за возврат добиваа тендери и бизниси со општината, си креираа и договараа задолжувања и на најбрутален и безобразен начин го клекнаа Охрид на колена“.
„Е тие луѓе сакаат охриѓани да заборават. Да заборават на сите криминалии и глупости на поранешниот градоначалник, на сите тие ликови кои го третираа Охрид како нивна приватна своина која треба да ја раскрчмат и ограбат. Но Охрид не само што не заборава, Охрид враќа, и затоа на изборите ВМРО – ДПМНЕ победи со толку голема разлика, затоа во два изборни циклуси по ред, разликата во гласови е толку голема што не можат да најдат ниту еден единствен, ниту меѓу нивните, кои би им поверувал дека сме победиле заради нешто друго. Охриѓани враќаат и тоа така треба. И ние сме свесни за тоа. Како што сме свесни и за очекувањата кои Охриѓани ги имаа од нас и од градоначалникот, очекувања кои беа доста високи, и со право високи. Охрид заслужува повеќе, и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно“, рече Груевски.
Тој нагласи дека има доста проблеми, свесен е за секојдневието во Охрид, знае за нивните проблеми и како што нагласи знае дека мора да се направи нешто повеќе, иако и досега направивени се многу нешта.
Груевски понуди и неколку економски решенија за граѓаните на Охрид.
„Денес сакам да најавам дека ODW Електрик во јуни започнува и со изградба на својот гринфилд објект во зоната кој треба да биде готов во првите месеци од 2016 година. Сакам да истакнам уште нешто а тоа е дека додека оваа фабрика биде изградена, во браунфилдот во кој веќе се работи бројката на вработени од 60 лица ќе се зголеми за два до три пати што значи стотина нови вработувања во компанијата до крајот на годината“, рече Груевски.
Втора, исклучително важна инвестиција за овој регион е од германска компанија од автомобилската индустрија – Костал. Костал ќе инвестира 80 милиони евра (во период од 10 години) и планира да вработи 1000 граѓани од овој регион. Оваа компанија најдоцна на почетокот на 2016 година почнува со градба на фабриката која треба да биде готова до крајот на следната година.
Вработувања и фабрики ќе има и во Кичево. Американската компанија Ки Сејфти Системс која произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија веќе објави одлука да инвестира 20 милиони долари во Кичево и да реализира 1000 нови вработувања, рече премиерот Никола Груевски на собирот во Охрид./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.