Контакт

Политика

Груевски и Заев меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на разговорите во Брисел

Објавено пред

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на опизициската СДСМ, Зоран Заев по маратоснките разговори во Брисел излегоа со меѓусебни обвинувања за неуспехот на разговорите.

Груевски го обвини Заев дека не сака договор бидејќи се плаши од избори, додека според Заев, избори кои би ги организирал Груевски не може да бидат фер.

„Ние денеска преговаравме повеќе од 12 часа и мојата крајна констатација е дека господинот Заев ниту сакаше да постигне договор, ниту, пак, дојде до тоа. Причината е што тој не дојде да се договори, туку тој дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека ќе го доживее најголемиот пораз на СДСМ досега во неговата историја. Ни договор сака да постигне, ниту избори да има. Тоа е целиот проблем со него и атмосферата што ја градеше претходните денови, укажуваше дека не сака да постигне договор“, изјави Груевски по состанокот.

„Важно е што останавме на ставовите кои не се само наши. Тоа се единствено можни принципиелни ставови кои гарантираат фер и демократски избори. Тоа со Груевски не е возможно. Тој е главниот виновник за сите криминали. Не може човекот кој е главен во проблемот да биде и решение за проблемот. Избори со Груевски не можат да бидат фер“, рече Заев.

Заев остави можност за продолжување на разговорите и најави дека ќе продолжи со објавувањето на „бомби“.

На средбата во Брисел четворицата лидери на политичките партии во Македонија и еврокомесарот Јоханес Хан не постигнаа договор за решавање на политичката криза.

Хан изрази разочараност и ги повика сите страни да најдат траен политички компромис.

Тој на својот Twitter профил напиша: „Нема конечен договор на разговорите за БЈР Македонија. Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност и лидерство на некого. Граѓаните заслужуваат подобро: демократија, владеење на правото и европска иднина. Нема да се откажеме!“./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кривичен суд изработил 3.500 уверенија и потврди за кандидатите за советници и градоначалници

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во изминатите 10 дена изработил 3.500 уверенија и потврди од Кривична и Казнена евиденција, а по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на Град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори.

„Согласно чл. 67 ст.3 во врска со чл.7 ст.3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставија личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги изврши соодветните проверки, ги изработи уверенијата и потврдите и електронски ги достави решенијата до комисиите.

Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време, како и во текот на викендите, пред сè затоа што голем
дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.9.2021 година за пријавување на кандидати“,  наведуваат од судот.

Исто така додаваат дека судот, за овој период, доследно ги почитувал и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец. Од судот апелираат, согласно протоколите за заштита од Ковид-19, за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зелен хуман град“: Протест за одбрана на дрвјата во Аеродром

Објавено пред

Од „Зелен хуман град“ најавија протест во Аеродром поради, како што велат, планирано проширување на улицата Васко Карангелески, а со тоа и сечење на голем број дрвја што таму постојат со децении.

„Наместо да го заштитиме зеленилото во најзагадената скопска општина, локалната власт продолжува со зголемување на автоцентричноста на населбата и намалување на зеленилото што е премногу потребно таму.

Вчера, кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација, а од утре ќе се почнело со проширување на улицата. ЗХГ нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот.

Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?“ велат од „Зелен хуман град“.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат денес (22 септември) во 10 часот спроти ОУ „Љубен Лапе“ до Воениот базен заеднички да го сопрат уништувањето на уште еден ред зеленило во градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Објавено пред

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193.982 лица.

Пописот ќе трае до 30 септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија5 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија6 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија9 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија10 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија10 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија10 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион10 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија11 час

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион12 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија14 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија14 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет14 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет15 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие