Политика
Груевски: Македонија ги памети и почитува Илинденците и борците од НОБ
Одбележуваме 71 годинa од АСНОМ и 112 години од Илинденското востание. Денес е ден кога Македонија се сеќава, денес Македонија одбележува, денес Македонија ги слави хероите, делата и вредностите!
Илинденците од 1903-тата и антифашистите-народноослободителни борци се нашиот паметник. Тие се темелот на нашата денешна држава и слобода, изтакна премиерто Никола Груевски во обраќањето по повод Илинден.
Денес сме собрани тука на ова место пред споменикот на Методија Андонов Ченто на централниот градски плоштад, плоштадот Македонија, во главниот град на слободна, независна и суверена Република Македонија, да го одбележиме националниот празник 2 август, на ден Св.Илија, кој има повеќекратно значење за Македонија, за Македонците но и за сите граѓани на Република Македонија, рече Груевски.
Тој потенцира дека денес е голем празник за големите дела и настани од нашата историја и дека денес е голем празник за големите луѓе од нашата историја!
„Пред малку положивме свежо цвеќе пред споменикот на президиумот на АСНОМ, и на претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Со почит поминавме покрај споменкот на основачите на МРО-организацијата во чија организација беше спроведено илинденското востание на поголем дел од територијата на Македонија, на 2ри август во 1903тата, како и покрај споменикот на Питу Гули, човекот кој свесно одлучи да го положи животот на Мечкин Камен за да го симболизира македонскиот отпор и непокор, поминавме и покрај паметникот на Кузман Јосифовски Питу, еден од клучните идеолози на НОБ. Тука се и паметниците на Гоце Делчев, Даме Груев, и многумина други великани на нашата историја. На влезот на главниот град е паметникот на Михајло Апостолски, командантот на партизанските сили, и според многумина најавторитетната личност меѓу борците во тоа време на големи борби и жртви. Македонија не ги заборава. Македонија ги слави нивните дела, нивната храброст и нивната жртва. Сите генерации кои доаѓаа по нивната смрт, паметат и почитуваат, нивниот напор и стремеж кон највисоките цели“, истакна премиерот.
Груевски посочи дека секоја генерација има свој стремеж кон највисоките цели. Во различно време, различни се целите и највисоките цели.
„Во времето на нашите Илинденци и асномци стремежот кон највисоката цел беше слободата и државноста која денес ја имаме. Тие беа темелите на остварувањето на таа цел, која генерации и генерации подоцна ја надоградуваа, и во иднина ќе ја надоградуваат. Денешниот празник….денешните чествувања, сите одбележувања по повод Илинден, во Крушево, во Пелинце, тука во Скопје, во секое село и град во Македонија, во дијаспората, секаде каде што има луѓе кои си ја сакаат оваа земја како татковина,….сите тие прослави се јасно говорат дека ништо не е заборавено. …И Ченто и Кузман и Гоце Делчев и Даме Груев и Апсотолски и Брашнаров, Татарчев и Павел Шатев, Христо Узунов и Чакаларов, и сите други знајни и нејзнајни јунаци можат да бидат мирни во своите вечни почивалишта“, рече Груевски во говорот.
Тој додаде дека нивното дело и нивната жртва вредеше, целите се остварија. Генерациите паметат и се заблагодаруваат на нивната жртва.
„Нашата генерација памети ! Нашата генерација добро знае кој и зошто гинел за Македонија !Кој и што направил за слободата која денес ја живееме.Секоја манифестација, секоја песна, секое наздравување денес е во име на нашите предци кои кога било потребно се запишале во историјата и со име и со дело и со чест, и со лична жртва! Нека им е слава и чест на нашите херои! На целата илинденска генерација и на целата антифашистичка генерација ! Нивното дело за навек ја задолжи Македонија и сите идни генерации ! Да се сеќаваме, да прославуваме, да одбележуваме и да земеме пример како се сака Македонија и како се работи за својот народ ! И како се бори за остварувањето на највисоките цели“, рече Груевски. /крај/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.