Политика
Груевски по средбата со Хан на отворање фабрика, Заев попладне очекува продолжение на преговорите
Средбите кои сите познавачи на политичките прилики во Македонија цела седмица желно ги исчекуваа, меѓу еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и политичките лидери во Македонија, завршија брзо, но без конкретни решенија.
Имено, премиерот Никола Груевски, замина да отвори фабрика, а изјава за новинарите не даде.„За ова ќе дадам изјава кога ќе дојде ред, сега не давам, бидејќи брзам да отворам нова фабрика“, беше кусата изјава што во од им ја дофрли Грувски на новинарите кои чекаа пред резиденцијата на Европската унија во Пржино, каде се одржаа средбите со Груевски, а претходно и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Овој, пак., пак, рече дека дополнително треба да се направат пресметки на состојбите затоа што била условена оставката на премиерот, кој во вчерашниот говор рече дека таа ќе биде ефектуриана 100 дена пред избори, кои сé уште не се знае дали ќе се одржат на 24-ти април како што беа закажани при постигнувањето на договорот ланскиот јули.„И самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за Избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред ‘бомбите’, нешто што е императив. Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини. Денеска се разглобуват сиве овие детали и имаме обврска сите партиципиенти во овој процес чесно да пристапиме пред граѓаните, гарантирајќи им слободна изразена волја. Опозицијата е најважниот фактор кој треба да обезбеди слободна волја на изборот на граѓаните и секако исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности“, рече Заев. Додаде дека не сака да прејудицира што ќе се случи, затоа што „денеска имало билатералка само со нив“, а Хан продолжува со другите политички партии и оти „поручек од прилика ќе ги знаеме заклучоците на кои ќе продолжиме да разговараме“.Во резиденцијата на ЕУ во Пржино Хан ќе има средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, по што најверојатно ќе дојде до заедничка средба на сите лидери кои ставија свој потпис на Договорот од Пржино.Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, дојде со потпреседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар на партијата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.По него на средба со Хан пристигна и премиерот Никола Груевски во придружба на министрите Зоран Ставревски, Никола Тодоров и Никола Попоски, шефот на кабинетот Мартин Протуѓер и координаторот на пратеничката група Илија Димовски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка, информираат од неговата кампања.
„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.
Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.
Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.
Македонија
Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија
Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.
– За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат, беше кажано на денешната прес конференција.
Од ВЛЕН (ВРЕДИ) информираа дека од Град Скопје се уште немаат никаков одговор на барањето да се одржи митинг на Плоштад Македонија, што тие го толкуваат како негативен одговор. Според шефовите на изборната кампања на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, негативна одлука донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција. Причината за тоа, според нив е обид да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг поради, како што рекоа, големата поддршка што ја има ВЛЕН (ВРЕДИ) од граѓаните.
– Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање. Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигд едруго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВЛЕН, со голем собир!, рекоа од ВЛЕН нагласувајќи дека централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот.
Македонија
Стојаноска: „Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци
Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
– Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош. Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда, додаде таа.