Политика
Груевски: Потребни се крај на кризата и стабилна влада

На овој народ не му треба широка коалиција, туку крај на кризата и стабилна влада, остануваат уште десетина денови до крајот на кампањата, а потоа следува историска победа за оние кои ветуваат и исполнуваат, кои им помагаат на земјоделците, прават реформи во сите сфери и сакаат земјата да ја внесат во ЕУ и НАТО изјави на предизборниот собир во средата во Виница Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ која ја води коацијата „За подобра Македонија“, победа за Република Македонија.
„Единаесетти декември ќе биде денот кога СДСМ ќе го прокнижи десеттиот пораз. Десеттиот по ред пораз од мнозинството граѓани на Македонија“, рече Груевски додавајќи дека опозициската коалиција предводена од социјалдемократите се надеваат на тесен изборен порази и формирање на ткн широка коалција во владата.
„По сето што го сторија, СДСМ сега се во депресивна состојба и затоа им продаваат таква приказна на своите членови. Паралелно се обидуваат да ги убедат и странците за широка коалиција, дека тоа е добро. Замислете со што се знаимаваат СДСМ, наместо да се доближат до народот“, констатираше челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски порача дека разликата вогласовите нема да изнесувала седум/осум мандати, туку „ќе биде огромна победа, пое која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција“.
„Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите“, додаде Груевски.
Повторно изрази надежи дека гласачите ќе ѝ доверат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 63 пратенички мандата.
„Разликата ќе биде огромна, но многу е важно да биде со 63 места во парламентот. На овој народ му треба крај на кризата и стабилна влада“, порача Груевски.
Рече дека владата што ја предводеше и во најтешката економска криза успеала да ги зголемиме пензиите, да дава субвенции и да реконструира патишта.
„Онаа власт којашто си го потценува народот, ветува сé од ракав, не ни е потребна, ни требаат луѓе кои ја водат државата кон ЕУ и НАТО, влада којашто не се согласува со виткање на кичмата на Зоран Заев, за кантонизација и за проширување на рамковниот договор, нас ни е потребна стабилизација и економски напредок на државата. Да си останеме концентрирани на нашите напори за градење на Македонија, растење на пензиите, економијата, носење на инвестиции, уште повеќе иако сме на десетото место и за отворање на нови работни места“, истакна Груевски.
Потенцираше дека во изминатите десет години на власт успеале да отворат 39.000 нови работни места во регионот, од вкупно отворени над 160.000 работни места, како и дека невработеноста е намалена од 38,7 на 24 отсто, а истовремено земјоделците биле помогнати 150 милиони евра годишно субвенционирање.
„И во најтешки времиња успеавме да им дадеме субвенции од 50/50 на земјоделците за да можат да купат трактори, успеавме да донесеме над 2 милијарди евра пари од странски директни инвестиции, во најтешко време успеавме да обезбедиме кредит во вредност од 350 милиони евра со каматна стапка од пет ипол проценти за македонските фирми да ја преживеат и светската криза и европската криза и домашната политичка криза. Изградивме и реконструиравме 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа. Ги зголемивме пензиите на пензионерите за 70 проценти од просечната пензија, а над 90 проценти од минималната пензија. А ги реализиравме и проектите за банско-климатска рекреација на пензионерите, воведовме минимална плата под која не смее да се дава плата во Македонија и до 2020 година таа ќе изнесува 14.000 денари“, истакна меѓу другото Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сѐ, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ Тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на ЗБ во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009г.), нашата земја ја доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати, сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023