Политика
Груевски поттикнува миграција град-село
Сите кои мигрирале во град, а сé уште имаат имот на село, оние кои се во град, а се невработени, како и оние кои немаат куќи на село, со новата мерка, која ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четврток „Од град во село за нов почеток“, ќе добијат повеќе бенефиции доколку одлучат да живеат во село.
За сите што ќе решат да заминат и да живеат во село, се нуди субвенционирање на трошокот за купување или реновирање или градба на куќа, до најмногу 6.000 евра.
„Висината на оваа субвенција се одреди по истражувањето направено на цената на куќите во селата, која е далеку пониска отколку во градовите, пред сé, поради немањето побарувачка за нивно купување и миграцијата село град. Оние кои веќе имаат куќа на село, ќе може субвенцијата до 6.000 евра да ја искористат за реновирање, доградба, надградба или на самата куќа, или на земјоделски објекти како плевни, штали, магацини, складишта, силоси и слично“, рече Груевски.
Планирани се бенефиции за давање државно земјоделско земјиште до 3 хектара бесплатно. Доколку корисникот изрази желба за повеќе земја ќе има можности во рамките на постоечките законски решенија, односно огласи кој се под стандардните услови да добие дополнително државно земјоделско земјиште, односно 120 евра од хектар за прва и втора класа земјиште, 90 евра по хектар за трета и четврта класа, 60 евра за 5 и 6 та класа, 30 евра за 7 и 8 класа.
Се предвидува и доделување на еднократна месечна субвенција, односно парична помош за почеток за прилагодување кон животот на село во висина од 15.000 денари месечно, во тек од 18 месеци или вкупно 270 илјади денари.
„Посета на задолжителни обуки за претприемништво, започнување и водење сопствен бизнис, како и специјализирани бизнис обуки за земјоделство и најдобри земјоделски практики. Ова е особено значајно за оние кои за прв пат започнуваат со земјоделски бизнис“, рече Груевски
Други поволности кои стојат на располагање во рамките на постоечките програми е користење на новата мерка од 80 отсто поддршка од државата за инсталирање на систем „Капка по капка“ за најмногу до 50 хектари и 80 отсто поддршка за изградба на бунари.
За лица кои се заинтересирани да се занимаваат со сточарство ќе може да ја искористат новопромовиранта мерка за 80 отсто поддршка од државата за набавка на високо приносен добиток, со што исто така за неколку пати ќе го зголемат приносот и ќе обезбедат зголемени приходи.
Достапна е помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност. Се доделува на секој млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност. Станува збор за неповратна финансиска поддршка во висина до 600 илјади денари или 10 илјади евра за реализација на инвестициски план на корисникот за период од најмногу 3 години. Право да аплицираат за овој вид на поддршка имаат лица со возраст од 18 до 40 години. Овие пари може да се искористат за дополнителна набавка на добиток, изградба на фарми, приклучна механизација.
Исто така достапна е и финансиска поддршка во висина од 50 отсто софинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора -фацелија, еводија и багрем на нови површини.
Финансиска поддршка во висина од 50 отсто за набавка на трактори и земјоделска механизација за житни и индустриски култури во висина на поддршката до 3,5 милиони денари по корисник.
Финансиска поддршка во висина од 50 отсто софинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за набавка на пчелни матици и опрема во пчеларството. Максималната вредност на поддршката е до 600 илјади денари за набавка на пчелни матици и до 800 илјади денари за набавка на опрема во пчеларството.
На корисниците ќе им стои на располагање можност за организирање во задруги а со тоа и можност за повисоки субвенции од 7 или 15 отсто.
Луѓето кои што ќе може да го користат проектот „Од град во село, за нов почеток” се брачни парови, каде постариот партнер е на возраст најмногу до 45 години, а предност ќе имаат оние што се со повеќедетни семејства. Потребно е да имаат конкретна бизнис идеја за самовработување и што има потенцијал да генерира нови работни места. Проектот се однесува за населување на селата кои се до 500 жители. Корисникот ќе има обврска 10 години да не смее да го отуѓува имотот, ниту пак да ја намали неговата почетна вредност. Корисниците се обврзуваат да живеат најмалку 15 години на село по започнување на користење на условите од проектот. Истовремено со цел да се одбегнат злоупотреби, ќе бидат формирани и комисии кои ќе вршат надзор на спроведувањето на самиот проект и проверки на терен.
Бидејќи се располага со ограничени ресурси во поглед на расположливо обработливо државно земјоделско земјиште и пасишта, државата, односно Владата преку Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство дополнително ќе објави во кои села ќе понуди ваков пакет, зависно од тоа каде има слободна земја и пасишта. Проектот кој што е исклучително поволен ќе се применува две години, односно ќе започне од јануари 2017 година ќе заврши во јануари 2019 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.