Контакт

Политика

Груевски: Раководството на СДСМ се марионети кои ја срамат државата

Објавено пред

Раководството на СДСМ мисли дека на најбрутален и подмолен начин ќе влезат во животите на сите нас, ќе измонтираат или прикажат во друг контекст наши разговори, ќе сечат, ќе лепат, ќе манипулираат, и дека тоа е доволно да ги избере народот, да може да се наречат себеси политичари, рече во саботата премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на народниот собир во Тетово и притоа се осврна на потезите на опозициската партија со кои се вмешуваат странски држави.

dobivaj vesti na viber

„Вие драги мои од раководството на СДСМ не сте политичари, вие сте обични марионети, кукли, извршители на туѓи агенди, без никаква идеја, без никаква визија, кои се криете зад некои поими како што се слобода и демократија, сакајќи да ги монополизирате, мислејќи дека само вие имате право да кажувате што е тоа слобода и демократија, а што не е. А притоа навредувате, лажете, манипулирате, креирате, покажувате гнев и омраза, а всушност слабост, и најважно од сé, свесни сте дека тоа не ви оди. викате нема медиуми, а не сте симнати од екраните и од весниците и порталите, викате нема слобода, а на глава ни се качувате најслободно пуштајќи сé и сешто што ќе ви падне на памет, срамотејќи ја целата држав“, рече Груевски

Според премиерот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев прави грешка што сака да ја наруши соработката на земјата со Кина и Израел. „Покрај тоа што нас нé плука и што дозволуваме со неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и Кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти. Овој. генијалецов од опозицијата, мртов ладен, направи втора огромна грешка, имено, Кинезите очигледно не му беа доволни, туку сакаше и нешто повеќе, па ја обвини Државата Израел дека преку нивното министерство за одбрана влегла во коруптивни активности со македонската влада. Замислете каков тип. Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек“, рече Груевски.

„Значи, за да биде јасно, во првиот случај со народна република Кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа. И уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, братучедите, стрините и чичковците, но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор“, појасни Груевски.

Во врска со обвинувањата за Израел, посочи, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, би сакал да имаме одлични пријателски и партнерски односи, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме. – Во рамки на таа соработка Државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди за нас и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам ги наклевети сите, вклучително и претставниците од Министерството за одбрана на Израел кои ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци. Срамно и крајно штетно за државата, обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас, рече Груевски.

Прецизираше и дека Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили. Заев, нагласи, издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање.

„Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава. Народот го знае тоа и никој не може да го прелаже. Нека не ве заплашуваат со разни сценарија! Никој не им се плаши на нив. Имаме сила да се спротивставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, со збиени редови….Не е ова битка на живот или смрт. Тоа тие сакаат да го претстават. Тоа е политичка битка за тоа во каква Маекдонија сакате да живеете. Ние имаме чиста и јасна понуда. Ние нудиме проекти и нови можности. На нас можете да се потпрете, порача Груевски.

Притоа челникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека, сепак, народот знае многу добро да препознае. „Народот знае што значи да се бориш за Македонија“, порача Груевски.

„Кренете глава. Нека не ве заплашуваат со разни сценарија. Никој не им се плаши. Имаме ние сила да се спротиставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, со збиени редови…. Не е ова битка на живот или смрт. Не. Тоа тие сакаат да го претстават. Тоа е политичка битка за тоа во каква Маекдонија сакате да живеете, Ние имаме чиста и јасна понуда. Ние нудиме проекти и нови можности. На нас можете да се потпрете“, порача во продолжение Груевски пред тетовчани.

Рече декја опозицискиот СДСМ со „мрачните игри“ што ги спроведува, на неговата влада ѝ дава „дополнителна мотивација за нови мерки“. „Ако нешто успеаја да направат овие од опозицијата со нивните мрачни игри, успеаја да ни направат дополнителна мотивација за уште повеќе мерки и проектии, како и решавање на проблеми на народот, рече премиерот Груевски.

Најави дека од таа ќе произлезат многу нови мерки, многу добри и конкретни работи за македонскиот народ, во сите сфери, со цел да се обезбедат подобри услови, подобар живот и повеќе можности.

„Тоа е нашиот одговор, тоа ќе биде одговорот на Македонија, кратко и јасно – Ние можеме да работиме, да креираме, да создаваме, да помагаме на нашиот народ, и нема да дозволиме да не вовлечете во вашите сценарија! Тоа е нашата борба за Македонија! Тоа е како ние ќе одговориме, со работа, со многу работа, да ја оправдаме уште повеќе, големата поддршка која народот ни ја дава“, додаде Груевски./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Објавено пред

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.

– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.

Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.

– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.

Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

dobivaj vesti na viber

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Објавено пред

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.

dobivaj vesti na viber

„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.

„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија3 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија5 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија7 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија8 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија9 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет10 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија10 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет10 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија10 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет11 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...