Контакт

Политика

Хан се сретна со Ахмети и со Тачи

Објавено пред

Еврокомесарот Јоханес Хан веќе ги заврши средбите со лидерите на ДУи и ДПА; Али Ахмети и Мендух Тачи, во седиштето на ЕУ во Скопје.
 

Еврокомесарот Јоханес Хан веќе ги заврши средбите со лидерите на ДУи и ДПА; Али Ахмети и Мендух Тачи, во седиштето на ЕУ во Скопје.

 

По средбата, Ахмети, рече дека државните интереси мора да се пред партиските и дека очекува лидерите да најдат решение.„Разговорите ќе продолжат и со лидерите на другите партии во текот на денот. Најважно е партиите да се надминат себеси и да ги постават државните интереси пред тие на партијата. Потребно е да ја решиме кризата и да ја вратиме земјата на вистинскиот пат“, рече Ахмети по средбата со Хан.Ахмети не сакаше да зборува за детали од разговорот иако потенцира дека ДУИ дала конкретен предлог за решавање на политичката криза во земјава.По 13 часот во Резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Пржино, каде на 2 јуни беше постигнат Договорот во шест точки, одделни средби Хан ќе има со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и премиерот Никола Груевски. За 17 часот е најавено заедно со Јоханес Хан на заедничка маса да седнат лидерите на четвориите најголеми партии во македонија.Доцна попладне, на прес-конференција, се очекува Хан да го објави исходот на разговорите, на кои во меѓувремее ќе им се приклучат и Ричард Ховит, Иво Вајгел и Едвард Кукан./крај/мф

Македонија

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Објавено пред

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој преку статус на Фејсбук порача дека е потребно расчистување и правда за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме, порача Димитров.

Во продолжение го пренесуваме интегрално статусот на Димитров, објавен на социјалната мрежа Фејсбук:

,,Нападот на Собранието, најцрниот ден на македонската демократија, беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата. Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз – повторување на (не)делото.

Но, тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не’ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме.

Од сето ова има само еден заклучок: продолжувањето по патот на одговорноста за сите е највисок државен интерес! Влогот не може да биде поголем. Да се биде патриот значи да се биде борец за правда. Особено денес.

ПС. Да бидеме начисто, бидејќи има премногу ,,сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам”, напиша Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стојаноски: Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а не ја изгради градинката во Волково која ја вети

Објавено пред

Неработењето и негрижата се основна карактеристика на владеењето на СДСМ, како на локално така и на централно ниво.
Родителите мака мачат да си ги запишат во градинка своите деца, а градоначалникот на општина Ѓорче Петров и ресорната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ич не им е гајле, обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред неполни две години сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата предизборна програма ветуваше изградба на нова детска градинка во Волково, токму тука на ова место, проширување на капацитетите на постојната градинка во Димитар Поп Георгиев- Беровски и реконструкција на детската градинка во Дексион.

Но и по две години од преземање на неговата функција граѓаните од ова населено место не добија ништо од ветеното.
Единствено нешто што направи оваа ненародна власт e што при ребаланс на буџетот континуирано ги крати средствата за изградба на градинки.

Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а нема во план да ја изгради градинката во Волково која им ја вети на граѓаните.

СДСМ и Наумоски не само што не прават ништо на планот згрижување на деца во градинка, туку се неспособни и проектите кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени финансии како завршување на фекалната канализација и асфалтирање на над 35 улици да ги завршат.

На Република Македонија и се потребни промени. Промени кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Затоа за сите овие ненародни политики кои граѓаните ги чувствуваат, Наумоски и Царовска треба да си поднесат одговорност, нагласи Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали Костадинов лаже за „Рекет“ поради содржината на еден од телефоните на осомничените?

Објавено пред

СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет“, наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот. Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа. Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените?

Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов? Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина? Дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?

Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените? За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“.

Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста? Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам?“ истакна Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет8 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет8 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија9 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет9 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт11 час

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија15 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион15 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет17 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет18 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет18 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет19 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет1 ден

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет1 ден

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион1 ден

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион1 ден

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет1 ден

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет1 ден

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион2 дена

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ2 дена

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие