Контакт

Политика

Јакимовски: СЈО дели селективна правда

Објавено пред

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) како политичка партија веќе предупреди на двојство и негативните ефекти од постоењето на паралелни институции во правниот поредок на Република Македонија, и оттаму го поставува прашањето како тоа се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талески, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев?, рече во петокот челникот на оваа вонпарламентарна партија и градоначлканик на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Претходно во петокот Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопшти дека, меѓу другото, упатило барање за притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, во случајот „Транспортер“

„На градоначалникот на Битола му се ставаат на товар ‘рекла-кажала’ муабети од неовластени прислушкувања. Наспроти него е Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, на кој со обезбедени посебни истражни мерки во видео запис, се гледа како бара поткуп од 200.000 евра, пришто ги наведува сите лица од кои патем земал поткуп, ја објаснува технологијата на земање мито и конечно го наведува и крајниот ‘благајник’ – брат му Вице, како човек кај кого завршуваат парите“, рече Јакимовски на прес-конференцијата.

Челникот на ГРОМ пртиоа запраша дали може да се спореди политичкото влијание што го имаат Владимир Талески и Зоран Заев, какво е влијанието на битолскиот градоначалник врз јавното мислење во Дебар, Велес, Пехчево, Крива Паланка и низ Македонија, а какво е она на челникот на опозицијата

Натаму Јакимовски истакна дека моралниот кредибилитет на сите политичари треба да биде кристално чист, но во однос на Владимир Талевски, моралниот кредибилитет на Зоран Заев треба да биде „сто пати почист“ како лидер на опозицијата.

„Заканите од мито, корупција и криминал не доаѓаат од Владимир Талески, туку од Зоран Заев. Еве го двојниот аршин во функционирањето на правниот поредок во Република Македонија. На еден начин функционира Државното јавно обвинителство, на поинаков СЈО. Државното јавно обвинителство, за докажано кривично дело не апси, а СЈО за недокажано кривично дело бара притвор? Ќе ни одговори ли некој од правните душегрижници, колку пати во 365 дена Зоран Заев може да го повтори делото и да бара поткуп“, беше дециден Стевчо Јакимовски.

„Колку и да сакаме да не бидеме критички расположени кон СЈО, да не сме цинични и да не ги омаловажуваме, самите специјални обвинители го прават тоа, така што применуваат селективна правда и селективно го гонат криминалот. Како што и самата призна во вчерашното интервју заменик- претседателката Радмила Шеќеринска, нивната најголема придобивка од Пржинскиот договор е Специјалното јавно обвинителство“, додаде Јакимовски

„Точно е така, и ние не го негираме тоа. Токму затоа на СДСМ не му требаат ниту преговори, ниту избори, туку им треба само 15-от коалиционен партнер СЈО, да им го расчисти теренот и физички да им го отстрани политичкиот противник, бидејќи само така можат да дојдат на власт. Затоа ГРОМ бара од правосудните органи во оваа држава да не прават комбинации и комбинаторики, туку цврсто и сериозно да дејствуваат согласно законските прописи во земјата“, заклучи челникот на ГРОМ./крај/мф/ст

Извор: Макфакс

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ангелов ако ѝ мисли добро на Македонија веднаш да даде оставка

Објавено пред

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, станува збор за човек кој, како што велат, ниту знае да менаџира, ниту да управува со кризи.

„Да го унапредиш, наместо да го разрешиш е бесрамен потег на власта. Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно да се замине и да отстапи место на некој кој е способен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Објавено пред

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија.

Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител на должност директор, го именува за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пред пет дена Ангелов на „Твитер“, го објави јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој досега раководеше како вршител на должност.

„Кој смета дека е подобар нека се јави. Во спротивно нека молчи засекогаш. Добро, не баш засекогаш, барем во наредните 4 години“, напиша во таа прилика Ангелов.

Инаку, тој се најде под критики на јавноста за реакцијата на ЦУК при пожарот кај Кочани на 2 август и за несервисираните канадери кои засега не се употребливи.

Во однос на останатите функции, донесени се следните одлуки:

– Амир Шабани е именуван за директор на Фондот за осигурување на депозити;

– Дритан Имери е именуван за заменик директор на Државниот испитен центар;

– Ана Петровска e разрешeна од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е именуван Сретен Стојковски;

– Костадин Ацевски e разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи, на негово барање, a за вршител на должност директор на УХМР е именуван Агим Муртезани;

– За членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп, Владата ќе ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска: Останувам во јатото на искрени борци за здрава животна средина

Објавено пред

Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.

„Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина“, посочува Петровска.

Таа вели и дека не била изненадена од одлуката, односно немала најава, но имала навестувања дека тоа ќе се случи.

Таа се враќа на сатрото работно место во Министерството за животна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Се бара прогласување на кризна состојба на целата територија на државата

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на...

Македонија7 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија9 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија9 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија9 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија11 час

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија13 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ16 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион18 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа18 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија18 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија18 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион19 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет19 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие