Политика
Koj e Taлат Џафери, идниот можен претседател на македонскиот парламент!?
Талат Џафери е кандидат за претседател на македонскиот парламент, откако ДУИ, СДСМ, Алијанса за Албанците и Движењето Беса ги усогласија своите ставови.
Тој ќе биде првиот албански спикер на законодавниот дом во парламентарната демократија на РМ.
Информацијата ја потврди и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи
“По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, решено е кандидатот на ДУИ и на парламентарното мнозинство, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието”, изјави Бујар Османи.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат се воздржуваат од коментари се додека кандидатурата на Џафери не биде официјална.
Талат Џафери до сега имал два мандати како пратеник во Собранието. Тој е роден на 15 Април во 1962 година во Гостивар, каде што завршил основното образование. Во Белград завршил средно воено училиште и Воена Академија. По завршување на
студиите станал офицер во југословенската армија. По осамостојувањето на Македонија, таму ја продолжил својата кариера, Во 2001 година е придружи на Ослободителната Народна Армија (ОНА). Неговото име често беше споменувано во 2008 година, кога коалиционите партии, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, донесоа одлука тој да биде министер за одбрана. Во тоа време, против оваа одлука беше токму СДСМ.
Продолжувањето на конститутивната седница е закажано за понеделник, но се уште не е познато дали седницата ќе се избира и новиот претседател на Собранието./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
