Контакт

Политика

Комисијата за надворешни работи ќе ги разгледува платформите на вонредните амбасадори

Објавено пред

Пред Комисијата за надворешни работи, која предвидено во четврток ќе одржи седница во Собранието на Република Македонија, своите платформи за дипломатските активности ќе ги претстават новоименуваните вонредни амбасадори во Австрија, Грција и Швајцарската Конфедерација, Василка Попоска-Треневска, Дарко Ангелов и Екрем Ебиби.

Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат и комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

 

Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, додека Комисијата за образование ќе ги разгледа предлог измените и дополнувањата на законите за основното  и за средното образование, како и измените на Законот за високото образование, сите по скратена постапка, во второ читање.

 

Членовите на Комисијата за финансирање ќе расправаат по Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка во второ читање, како и по Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во второ читање.

 

Предлог измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи по скратена постапка, во второ читање, ќе се најдат на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

 

Комисијата за земјоделство ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура по скратена постапка.

 

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основното, средното и високото образование, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, измените и дополнувањата на законите за социјалната заштита, за внатрешни работи и за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка во второ читање./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мисајловски: Македонија ќе ја направиме земја со под 10 проценти невработеност

Објавено пред

Одлични проекти и одлични решенија нуди проектот Обнова за Македонија, затоа е добро да разговараме и да ги понудиме на граѓаните, рече потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, Владо Мисајловски, во општина Гази Баба.

„Гледам дека луѓето се охрабрени и сакаат да ни дадат поддршка и јас навистина сум им благодарен за тоа. Ние мора да направиме многу повеќе, мора да ја обновиме Македонија, да ја обновиме инфраструктурата, уметноста, науката, културата, се разбира да ги обновиме и оние нови работи места кои што ние ги ветуваме, односно Македонија да стане место каде што ќе има под 10 проценти невработеност“, порача Мисајловски во своето обраќање.

Истакна дека за наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ветува многу странски инвестиции, многу работни места, но за сето тоа стигне, како што кажа, треба граѓаните да ја дадат поддршката и да гласаат на 15 јули.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шекеринска: Во Охрид се гради по план и се решаваат децениски проблеми

Објавено пред

Владата градеше и гради по план, вложувањето во инфраструктурата е влог во квалитетен живот на граѓаните, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која денеска имаше работна посета на Охрид, при која посети повеќе точки каде што во соработка со локалната самоуправа на Град Охрид се реализираат серија  инфраструктурни проекти кои се веќе реализирани или се во финална фаза на реализација.

„Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Авасим. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата. Тоа е проект од околу 45 милиони денари кој, како што велат, значи реконструкција по 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме можност да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план“, рече Шекеринска.

Таа упати честитка до Општината, која последнава година, како што рече, сторила многу за поврзување на граѓаните на Охрид, меѓутоа и за развој на туристичкиот потенцијал на Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: За подобра инфраструктура во Чучер Сандево вложени се над 9 и пол милиони денари

Објавено пред

Квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој и е едно од клучните барања како на бизнисот така и на граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски при денешната работна посета на општина Чучер Сандево.

Тој нагласи дека во општината се реализираат 4 проекти од Програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од над 9 и пол милиони денари.

„Тоа се проектот за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора со посебен акцент на општините Чучер Сандево и Бутел, потоа проектот за воспоставување  систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската Котлина, кој е од особено значење за општината, проектот за реконструкција на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце, како и рехабилитацијата на дел од локалниот пат за село Блаце“, нагласи Спасовски.

Објасни дека денешната средбата е со цел утврдување на динамиката на тековните активности и проекти во општината кои се спроведуваат со поддршка на Владата.

„Оваа наша активност е во насока на нашата трајна и стратешка определба да овозможиме рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место“, посочи премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија4 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија5 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија6 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија8 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија24 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Досие