Контакт

Политика

Милошоски: СДСМ бара алиби да избега или да не ги признае изборите во декември

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ го оценува барањето на СДСМ за измена на законите, за надлежност и времетраење и заштитени сведоци  кои се однесуваат на СЈО, како можност за Заев да избега од избори или да не ги признае резултатите од изборите закажани за 11 декември.

dobivaj vesti na viber

Ова во петок на прес конференција го истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој уште додаде дека СДСМ бара начин како да избега од закажаните избори или како да најде изговор одржаните избори, тие коишто би ги имале да не ги признае како валидни.„Исто така гледаме дека преку писмото упатено до амбасадорите аболицираниот политичар Зоран Заев, најави уште од пред неколку дена, дека остава простор и гради изговори преку кои сака да се огради од изборите на 11 декември,  да ги избегне истите или истите да не ги признае. Втора работа која што се забележува со ова барање за итна седница на Собранието за измена на законите поврзани со СЈО е дека СДСМ и СЈО се само две лица на една иста монета. СДСМ збори во име на СЈО и СЈО дејствува и превзема политички мотивирани акции во име на СДСМ или со единствена цел, да му помогне на СДСМ во својата политичка платформа и агенда во недостаток на реална политичка програма“, рече Милошоски. Според него единствената агенда на Катица Јанева е да превземе дејствија кои што би му помогнале на СДСМ да го наруши високиот и стабилен рејтинг на политичкиот опонент, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. „Со донесувањето на прочистениот избирачки список на површина излегоа манипулациите дека не постојат 500.000 фантомски гласачи. Со работењето и новата методологија на агенцијата за медиуми се изби од рака изговорот на СДСМ  дека оваа агенција работи по нечиј налог бидејќи  сега истата работи по усогласена методологија која што ја бараше опозицијата. Сите тие работи кои што СДСМ ги побара, ги доби и сега бега од најголемата работа која што ја бараше СДСМ, а тоа се изборите на 11 декември“, истакна Милошоски.     Тој понатаму додава дека СДСМ поставува нови барања нови услови како што е сега барањето за итна седница на собранието за нови закони за СЈО бидејќи е свесна дека се надвор од политичкиот договор истите не може да се исполнат нема основа да бидат пресретнати и на тој начин СДСМ ќе си создаде нови изговори зошто би имале причини да избегаат од закажаните избори. „Граѓаните на 11 декември ќе го дадат својот глас на оние политичари и политички партии кои што нудат реални и остварливи проекти, а не на оние кои нудат деструкција шпиунажа и секакви други неконструктивни работи“, порача Милошоски.Според него, СДСМ да веруваше дека може да победи на изборите на 11 декември, немаше да бара итна седница за сега да се менуваат законите за Специјалното јавно обвинителство, туку би победиле на изборите и како големи победници би ги смениле сите закони кои што тие ценат дека нив не им одговараат.„Одговорот од страна на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема основа за било какво дополнително проширување на веќе договореното, ниту за било какви анекс договори, кои што би му дале изговор на аболицираниот политичар Заев да избега од закажаните избори“, рече Милошоски. /крај/со/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија4 часа

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...

Македонија5 часа

Доказите за црната листа на САД се лесно достапни, македонските институции може самите да ги обезбедат, рече американската амбасадорка Агелер

Американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата...

Македонија5 часа

Васко Ковачевски не е во државата веќе подолго време, но Мицкоски очекува бргу денеска да биде обезбеден и вратен

Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата,...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова очекува судот и Обвинителството да постапaт по црната листа на САД

Лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности, смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова...

Македонија6 часа

Петрушевски за полициската акција: ЕСМ и РЕК „Битола“ беа користени од поранешните функционери за испумпување милиони преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да продолжат во спроведување на законот и овозможување на правдата во врска со денешната полициска акција...

Топ8 часа

Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот...

Македонија8 часа

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. „Како партија, остануваме посветени на стратешката...

Македонија9 часа

Голема акција на МВР поврзана со РЕК „Битола“

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола. Утрово има големи претреси во Битола, Велес,...

Македонија9 часа

Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети...

Свет10 часа

Победниците и губитниците од падот на Асад

Oткако бунтовниците брзо го зазедоа Дамаск и го принудија на бегство сирискиот моќник Башар ал-Асад, светот се обидува да го...

Европа11 часа

Ердоган: Останаа двајца искусни лидери во светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во...

Свет12 часа

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател...

Македонија12 часа

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ...

Македонија21 час

Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во...

Македонија22 часа

Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој...

Македонија1 ден

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...

Свет1 ден

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...