Контакт

Политика

Пратениците не ги изгласаа барањата на Катица Јанева

Објавено пред

Пратениците не ги изгласаа барањата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева за продолжување на рокот за покренување на обвинение кој сега е 18 месеци, како и измените на Законот за заштитените сведоци, со кои би се овозможило Специјалната јавна обвинителка автономно да одлучува за заштита на сведокот.

dobivaj vesti na viber

Измените на овие Закони беа ставени на дневен ред на седницата на Собрание по барање на опозициската партија СДСМ, која изготви и ги достави предлог-законските измени изработени според барањата на специјалната обвинителка.За измените на Законот за Специјалното обвинителство, односно за продолжување на рокот за поднесување на обвинение, 36 пратеници гласаа „за„, а 54 пратеници гласаа „против“. Измените на Законот ги образложи пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за измените и дека тоа е во интерес како на нивниот лидер, Никола Груевски и на другите осомничени поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, шефот на Петтата управа, Горан Грујевски. Како што рече Шилегов со овие измени Груевски би докажал дека не го нарачал прислушувањето, а другите осомничени дека ненамерно ја уништиле опремата за прислушување.„Гласањето за овој Закон содржи серизни политички пораки. СЈО произлезе од Договорот од Пржино и оваа институција со својот ангажман треба да придонесе во надминувањето на политичката криза во која живееме две години“, рече Шилегов.За измените на Законот за заштитени сведоци 42 од пратениците гласаа „за“, а 52 гласаа „против“. Шилегов ги презентираше и овие измени и порача дека не постои политичка волја кај ВМРО-ДПМНЕ да се расчисти скандалот со прислушувањето. Во образложението на овој предлог тој го спомена сведокот на СЈО, Коста Крпач кој беше пронајден мртов пред шест месеци во неговиот стан. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?

Објавено пред

„Резултат на тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска е целосен колапс на сообраќајот во Скопје денеска. Јавниот превоз крахира, скопјани се нервозни, а причината за тоа е тендер-коалицијата Арсовска со Ковачевски. Хаосот во Скопје е резултат на тајните средби на кои што Ковачевски и Арсовска се договарале за тендер на којшто нема попуст од 6 денари за литар, 900.000 евра годишно, токму пари колку што треба да се исплати долгот и да нема протест денеска“, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски напомена дека „тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа се 1.400.000 евра заштеда. А, таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта“.

„Јавноста заслужува одговор дали на тајната средба што ја призна Ковачевски е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП. Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?“ прашуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Томовски: Собрани се 845 идеи од граѓани и истите ќе бидат преточени во буџетски проекти за реализација за 2023 година

Објавено пред

„Во текот на изминатиов викенд градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните стручни тимови беа дел од проектот ‘Биди дел од промените што носат иднина’. Тие ги отворија вратите на општините за граѓаните, кои во огромен број дојдоа и дадоа придонес за креирање на општинските буџети. Како резултат на исцрпни разговори, со илјадници граѓани ширум Македонија, во сите општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, собрани се над 800 идеи за проекти, или поточно 845 идеи кои ќе бидат разгледани и добар дел преточени во буџетски проекти, и за истите ќе бидат предвидени средства за нивна реализација“, рече денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „од јануари до декември 2023 година, оние проекти кои ќе бидат прифатени и за кои ќе има финансиска сила и можности ќе се реализираат! Следува година на изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациски системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти“.

„Оваа акција ја спроведовме за заедно со граѓаните, да го трасираме патот за развој на секое населено место. Само граѓаните кои живеат во населените места ширум државата знаат што е најпотребно за нивната непосредна околина. Затоа нема повеќе луѓе во кабинети да одлучуваат како ќе се трошат нивните пари, туку тие самите“, рече Томовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Објавено пред

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ најавува дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират се’ додека не почнат преговори за да им се исплатат околу два милиони евра на приватните превозници.

dobivaj vesti na viber

Градоначалничката Данела Арсовска и ЈСП, Јовановски вели дека не ги исконтактирале за време на викендот и затоа продолжуваат со протестите, овој пат порадикално.

„Ова не е бавча на градоначалничката Арсовска па си ја работи како сака. Таа треба да постапува законски и според одлуките на Совет на Град Скопје“, рече Јовановски и нагласи дека уличарското однесување на градоначалничката довело до блокади.

Според него, мора да се лоцира вината за блокадите и граѓаните, место на превозниците да и се лутат на градоначалничката оти ги довела во таква состојба.

„Не можат граѓаните да ги критикуваат приватните превозници. Треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тој е кај градоначалничката која дозволи нешто вакво да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат градоначалник кој треба да се грижи за нивните интереси и за јавниот интерес, кој на ваков начин ќе го нарушува. Треба да се посочат виновниците онаму каде што се, а не кај она што е последица од такво однесување“, рече Јовановски.

Тој ја повика и Владата да се вклучи во изнаоѓање на решение за приватните превозници иако директно нема ингеренции за јавниот превоз, но може да побара објаснување од институциите.

Со блокадата „Слобода превоз“ го држи во заложништво цел град, а граѓаните со часови патуваат дури и на најкусо растојание оти се блокирани клучните крстосници во Скопје.

Јовановски и „Слобода превоз“ им се извинија на граѓаните за протестот со блокада на градот.

„Изразувам жалење што денеска приватните превозници, по неколку обиди да седнат и да се договорат, односно да бидат примени од градоначалничката Данела Арсовска мораа на еден ваков начин да го изразат својот револт и да го свртат вниманието кон себе и уште еднаш да ги кажат своите позиции и она што навистина се случува“, рече Јовановски.

Се одлучиле за блокада на цел град оти сметаат дека се исцрпени сите други методи, вклучително и протестот со блокирање само на градската администрација и очекуваат граѓаните да изреагираат и да извршат притисок за решавање на проблемот.

„Ние сакаме токму граѓаните да изреагираат и да го посочат вистинскиот човек кој што е проблем во целата оваа ситуација“, вели Јовановски.

Подготвени се, какао што самиот вели да ги „ослободат“ граѓаните и да ги кренат блокадите истиот момент кога градоначалничката или некој овластен од неа ги повика на разговор за да најдат заедничко решение.

„Првиот момент ако градоначалничката, еве не мора ни таа ако не ја познава работата и не знае да ја менаџира, нека ги пушти претставниците од Јавното сообраќајно претпријатие, од секторот за сообраќај, нека седнат со нас, ние ќе најдеме решение некако во оваа ситуација и да ги ослободиме граѓаните. Не зависи ништо од нас. Приватните превозници не се тие кои го продуцираат овој проблем“, повика Јовановски.

Градоначалничката Арсовска по прес – конференцијата на Јовановски не излезе да даде објаснување дали ќе дозволи граѓаните да останат заложници на проблемот што го има со приватните превозници. Од нејзиниот кабинет рекоа дека можеби во текот на денот ќе направат прес – конференција.

Таа ги раскина договорите со приватните превозници и најави дека ќе има нов оглас на кој ќе може да се пријават, а приватните превозници пак сметаат дека такво нешто е невозможно оти не е согласно одлуката на Советот на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати

Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала,...

Економија6 часа

Ќе им се исклучува струјата на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи. На списокот се...

Македонија8 часа

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (5.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до...

Економија9 часа

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија10 часа

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ најавува дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират се’ додека не...

Македонија10 часа

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија10 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет11 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија11 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија12 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет12 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа12 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија13 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет13 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет13 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија13 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион1 ден

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...