Контакт

Политика

Работните групи преговараат за медиумите без нивно присуство

Објавено пред

Работните групи на политичките партии, во петок продолжија со преговорите за реформите во медиумите коишто произлегуваат од Договорот од Пржино, но на средбата не се повикани претставници од медиумите.

dobivaj vesti na viber

Од канцеларијата на белгискиот посредник Питер Ванхауте информираат дека на денешната средба не се повикани претставници на еснафските здруженија, иако тоа вчера новинарите го побараа преку протест. Здружението на новинарите на Македонија, новинарскиот синдикат и МИМ вчера одржаа протест пред Клубот на пратениците, на кој порачаа дека не прифаќаат преговори за медиумите без учество на новинарите.Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара партиите да не работат зад грбот на новинарите, туку да ги споделат решенијата со јавноста.„Како новинари од искуство знаеме дека кога политичарите се кријат од јавноста, обично работат за теснопартиските и политички интереси, и не водат сметка за интересите на граѓаните. Сакаат да одлучуваат за судбината на новинарите, без да водат сметка за нашите интереси. Што е толку страшно во нивните предлози, што не сакаат да ги споделат со нас и со јавноста”, рече Селмани, во четврток.Инаку, денеска на 27 ноември истекува рокот за решавање на проблемите во медиумите, што е продолжен рок, откако првиот истече на 20 ноември. Претставниците на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино, треба да се договорат околу Законот за медиуми, МРТВ, МИА, Агенцијата за медиуми.Во петок, посредникот во преговорите, Питер Ванхауте, е повикан во Собрание, на седницата за утврдување на Деловникот за работа на Анкетната комисија за прислушувањето, да протолкува дел од решенијата кои произлегуваат од Договорот во Пржино. /крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Се раскинуваат седум договори за концесии на мали хидроцентрали на Шара

Објавено пред

Владата ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за коишто се водеше постапка за спогодбено раскинување на договорите за концесија за користење  вода за производство на електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Со ова практично нема да се реализираат договорите за концесија на седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина, лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина.

Изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Во изработениот предлог за спогодбено раскинување на договорите, според информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци од страна на концесионерите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Учество во НАТО-мисии во Ирак и Летонија

Објавено пред

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО-мисијата во Ирак – NATO Mission Iraq – NMI, како и одлука за испраќање на припадници на АРМ за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP) во Република Летонија.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за економија Крешник Бектеши, кој потоа ќе ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми. Ова е договорено на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која присуствуваа и економски тимови на Владата и на партијата.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски изјави дека на средбата ги образложиле сите активности што ги презема Владата за надминување на енергетската криза. Информирале за производството на енергетските капацитетети, за обезбедувањето енергенси – јаглен и мазут. Ја нагласиле потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза.

„ Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни и префрлање во ставки за справување со енергетската криза“, посочи Ковачевски.

„ Разговаравме и за префрлање на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и за префрлувањето на здравствените установи за снабдување кај ЕСМ продажба. Беше реафирмирано барањето на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар, кое ќе биде разгледано од Министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, изјави Ковачевски.

Премиерот информира дека Владата денеска донела одлука со која ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано производство на топлинска енергија во Скопје. Потпишан е договор меѓу ЕВН и Адора за закуп на топланите.

Посочи дека од формирањето на Владата се презмени низа мерки за ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните, издвоени се над 300 милиони евра буџетски средства. Продолжува субвенционирањето на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи, како и разговорите со соседните земји за набавка на електрична енергија, а се очекува помош и поддршка и од ЕУ, за што претседателот Стево Пендаровски разговарал со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изминатиот викенд за време на посетата на Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија8 часа

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет9 часа

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет11 час

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија12 часа

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа12 часа

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...

Регион13 часа

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е...

Европа14 часа

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија15 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија17 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет17 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет17 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет19 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет19 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет19 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет20 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет20 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет20 часа

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион1 ден

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...