Контакт

Политика

СДСМ: Изборот на младински претставник во РИКО ќе биде ревидиран

Објавено пред

СДСМ најави дека ќе биде предмет на ревизија направениот избор на младински претставник во Канцеларијата за соработка на млади од Западен Балкан, РИКО.

„Во изборот најдрско се вмеша власта на Никола Груевски, преку фиктивни младински организации и преку Агенцијата за млади и спорт,што е недозволиво. Избраната Бојана Наумовска не може да брани младински интереси во РИКО бидејќи е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.М. Таа не го исполнува клучниот критериум, односно не е поддржана од ниту една младинска организација“, порачуваат од СДСМ. Според нив, оваа раководна позиција е многу значајна бидејќи организацијата РИКО одлучува колку средства и за што ќе се слеат кај младинските организации во Македонија. „Овие организации се дел од младинскиот активизам против невработеноста на младите и иселувањето, за квалитетно образование и други слични прашања, за што младите луѓе треба и мора да бидат оставени да се борат преку свои легитимни претставници, а не личности блиски до власта“, се вели во соопштението од СДСМ. /крај/со/ст

Извор: Макфакс

Македонија

Џорџ Буш со поддршка за референдумот: Сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас

Објавено пред

Од

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш преку писмо ги повика македонските граѓани да излезат на претстојниот референдум. Во писмото, меѓу другото, Буш ја спомнува и 2008 година кога ги повикал сојузниците на НАТО да ја примат Македонија во алијансата.

„Уште од првиот ден на независноста на вашата држава, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател. Американскиот народ се восхитуваше на вашето мирољубиво издигнувње од пепелта на Југославија. Ја почитуваме вашата храброст да се придржувате до демократските вредности и слободните институции. И го поддржуваме вашиот стремеж за остварување напредок и безбедност во Европа, која е цела, слободна и живее во мир“, напиша Буш.

„Како претседател на Соединетите Држави, ми беше чест да го поддржам претседателот Трајковски во 2001, кога тој ја оттргна Македонија од работ на граѓанската војна во правец на општество дефинирано со мултиетничко разбирање и владеење на правото. И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004“, пишува во писмото.

Буш во писмото додава: „Сега, во едно вака надежно време во животот на вашата земја, размислувам за бројните  предизвици со кои се соочивте и ги надминавте. Исто така, размислувам за мојот покоен пријател Борис Трајковски. Претседателот Трајковски беше човек со интегритет, решителност и, најмногу од сè, човек со верба. Тој имаше верба во Господ, верба во својата земја и нејзините луѓе, како и верба во способноста на нејзините лидери да носат мудри одлуки. Преспанскиот договор, што сега е пред вас за ратификација, е храбар и фер компромис. Тој ќе ја постави Македонија на патот да влезе во Европската Унија и НАТО и да ја оствари светлата иднина којашто претседателот Трајковски ја замислуваше“.

На крајот од писмото Џорџ Буш пишува: „Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. По една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја. Најголемиот сојуз за слобода во историјата чува место за земјата што ја сакате, а јас со нетрпение го очекувам денот кога Соединетите Држави гордо ќе ѝ посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30. членка на НАТО“.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за тоа што виделе во крвавиот четврток

Објавено пред

Сашо Коцевски, Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа денеска во кривичниот суд ќе сведочат за тоа што виделе во крвавиот четврток во 2017 година. Сведоците се по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителството предложи 36 сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок. На следното рочиште, на 21 септември, ќе треба да сведочи Агим Нухиу.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР – Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Митре Питроповски…

Судијката Добрила Кацарска, која постапува по предметот, закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео) Уставниот суд ја почна седницата за референдумот

Почна седницата на Уставниот суд на која точка на дневен ред е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на...

Вести1 час

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија1 час

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија2 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура22 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ23 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Досие