Политика
СДСМ: Ќе ја одблокираме препораката, Македонија ќе биде вистинска европска земја

Катастрофалните политики на Никола Груевски и фамилијата ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред, а поради коруптивната и неодговорна власт повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со ЕУ, порачуваат од СДСМ по повод најновиот извештај на Европската комисија и условената препорака за Македонија.
„Во Извештајот јасно се посочува дека корупцијата е широко распространета и се уште претставува сериозен проблем за земјата, а судството сериозно назадува заради постојано мешање на политиката во неговата работа. И Европската Комисија ги потврди тврдењата на СДСМ и експертската јавност дека економијата не напредува, јавниот долг продолжува да расте, намалена е конкурентноста на приватниот сектор, младинската невработеност е голема, нема инвестиции во инфраструктурата“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека еден од условите за да се одблокира препораката за почеток на преговорите е спроведувањето на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, а оваа власт не покажа ниту волја ниту желба да ги спроведе.
„Граѓаните имаат цврста определба и иднината на Република Македонија ја гледаат во Европската унија и НАТО. На 11-ти декември заминуваат промашените и криминални политики на Никола Груевски кои ја одалечија државата од европските интеграции и го загрозија нормалниот живот на граѓаните во земјата. Македонија ќе се врати на вистинскиот пат и ќе биде вистинска европска земја. Македонските граѓани ќе живеат во Европа без да се излеат од Македонија“, порачаа од СДСМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.