Контакт

Политика

СДСМ: Македонија бележи историско високо ниво на задолженост

Објавено пред

„Со неверојатни три милијарди и 300 милиони евра долг Македонија го достигна историски највисокиот долг од своето осамостојување, долг што изнесува  41 отсто од бруто домашниот производ (БДП)“, истакна на прес-конференција во четвртокот Кире Наумов, претседател на Советот за економски прашања на опозицискиот СДСМ.

Според него, долгот на централната влада во Македонија бил повисок само во 2001 година за време на воениот конфликт.

 

„Ако се земе предвид последното задолжување од 500-ини милиони евра, јавниот долг изнесува историски највисоки 4 милијарди и 200 милиони евра или тоа се историски 52 процента од БДП“, нагласува Наумов.

 

Според пресметките на СДСМ власта успеала да постигне уште неколку други рекорди во изминативе шест месеци, односно, како што истакнува Наумов, Владата на Република Македонија реализирала и историски највисок дефицит за едно полугодие односно околу три проценти од БДП.

 

„Тоа е дозволениот максимум на буџетски дефицит за цела година кај земјите членки на ЕУ“, истакнува претседателот на Советот за економски прашања на СДСМ.

 

Тој додава и дека до јуни власта остварила и историски најголемо потфрлување во вкупните приходи во Буџетот, кои се помали, како што рече, за дури 178 милиони евра од планираните за 2014.

 

„Сега станува јасно зошто се воведува обврската за плаќање придонеси за хонорарците, зошто ќе се воведува ДДВ за најмалите фирми, зошто скокнаа цените на регистрациите и патарините за фантастични 30 проценти“, вели Наумов кој оценува дека дошло времето за плаќање на сметките од погрешните и манипулативни политики кои натовариле милионски давачки на грбот на граѓаните.

 

Наумов нагласи дека овојпат предупредувањата не се само од СДСМ, туку тие дека првпат по неколку години со процени за висината на задолжувањата на Македонија реагирал и Меѓународниот монетарен фонд, а речиси истовремено, три големи земји, САД, Велика Британија и Германија, „директно и синхронизирано“, излегле со критики за фискалната политика во Македонија, отворено „изразувајќи загриженост за одржливоста на долгот и затвореноста на власта за објавување на вистински податоци“./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Објавено пред

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на [email protected]

Денеска почна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и в среда, 15 јули 2020, од 7 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

Објавено пред

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Поради состојбата со Ковид-19, за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

На гласање на 15 јули сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Молкот ќе заврши в среда во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.

Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Тие го селат капиталот, ама им порачувам дека ќе одговара секој кој се огрешил

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од завршниот собир на партијата за овие предвремени парламентарни избори на 15 јули порача дека противникот, СДСМ, паѓа затоа што лажеше. Мицкоски рече дека гласот за Игор Јанушев во ИЕ 3 е и глас за Македонија, а овие избори се крстосница на која одлучуваме за нашата иднина, за Македонија.

„Ова не е обична кампања, ова се избори за тоа каква Македонија сакаме да имаме, друга татковина немаме. А тие имаат, си го селат капиталот затоа ќе им порачам нема компромиси со правдата. Пред законот ќе одговара секој што се огрешил“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ по 16 јули ќе изгради силна држава во која власта ќе работи за народот, најави дека следат промени кои ќе донесат обнова.

„Сега што имаме? Имаме трас-трас судски одлуки, не е живот кога првите луѓе од власта прават рекет, ова е битка на правдата против неправдата. На овие избори ве молам добро да размислите, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е за подобро утре и обнова. Од вашата одлука зависи дали ќе заминат тие кои ве разочарале. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат со истото. Нема идеална влада, но ви давам збор ќе работиме. Коцкање е кога му давате шанса на оној кој ве разочарал, не верувајте на нивната пропаганда да зборат за минатото, со тоа сакаат да избегаат од нивните грешки“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев и СДСМ остануваат во минатото и се осврна на она што следи.

„Денес е надојден Вардар ги носи сите злодела, корупцијата… Многу луѓе ни приоѓаат, а јас сакам да кажам дека вратите се отворени на ВМРО-ДПМНЕ за сите. По победата мора да си ја обновиме земјата, не смееме да се помириме со просечноста. Се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе повеќе пристоен живот, повисоки плати, повисоки пензии, ќе донесе време во кое земјоделците ќе имаат достоинството, пред бизнисмените се обврзувам дека ќе има услови за бизнис, ветувам општество во кое ќе има право и правда. Не смееме да дозволиме криминалците да поминат неказнети“, рече Мицкоски.

Тој испрати порака до оние кои се разочарани од политичарите дека не се сите исти.

„Ние сме различни, а ова е последна шанса за спас на Македонија. Да го сопреме губењето на Македонија, затоа гласајте за Македонија, гласајте за број 14. Сега е важно да се слушне вашиот глас. Овој период на кампањата беше моја борба за сите, за Македонија. По 16 јули продолжувам да се борам за Македонија“, порача на крајот во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија3 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија3 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија5 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ7 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија7 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија8 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија9 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија9 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет10 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа10 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион10 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија21 час

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија23 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија23 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие