Контакт

Политика

СДСМ: Партнерите во власта се најповикани да ги смират тензиите

Објавено пред

Партнерите во власта се најповикани за смирување на создадените тензии, се вели во соопштението што во среда го испрати СДСМ, по средбата на партискиот лидер Зоран Заев со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер.

 

 

Претседателот Заев нагласи дека Социјалдемократскиот сојуз, како најголема опозициска партија, прави и ќе направи сè што е во моќ на партијата за нормализирање на процесите во државата.

 

Тој ги објасни петте предлози на СДСМ и коалициските партнери за излез од политичката криза: поделба на државата од партијата, регулацијата на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и останатите медиуми, јасно презицирање на Избирачкиот список и изборното законодавство, спроведување попис и пред се договор за формирање техничка влада што ќе го гарантира спроведувањето на сето ова и организирањето слободни, фер и демократски избори. /крај/со/мф

Извор: СДСМ

Македонија

Санкциониран 251 човек за неносење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.07.2020 година) на територијата на државата, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 251 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Објавено пред

Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска, во должина од околу 800 метри, соопшти градот Скопје.

На овој потег од улицата, целосно е отстранет стариот и оштетен асфалт од коловозот и е поставен нов асфалтен слој. Претходно беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа фреквентна улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.

Градот Скопје ја продолжува праксата реконструкциите на сите улици оваа да ги завршува во најбрз можен рок за да се олесни одвивањето на сообраќајот, без да се создава метеж.

Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ е една од низата коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, а градежната офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници со иста динамика ќе продолжи и во наредниот период во сите скопски општини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Целосно е реновиран и за 30 отсто зголемен одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.

„ За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел. Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.

Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема.

Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ35 минути

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет55 минути

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет1 час

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет1 час

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија2 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион15 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија16 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија19 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ20 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион20 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија20 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион21 час

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион2 дена

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Досие