Контакт

Политика

СДСМ: Со измените во Законот за ДДВ Владата директно удри врз малите претпријатија

Објавено пред

„Буџетот е празен, мора да се полни па затоа сега даночни обврзници ќе бидат и малите дуќанчиња, за храна, текстил, берберници, автоперални, вулканизери. Тие што едвај успеваат да се одржат во живот и да обезбедат една до две плати“, истакна во средата Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ од Битола образложувајќи дека досегашниот лимит над кој фирмите стануваа даночни обврзници изнесувал два милиони денари. 

Според него, со овие измени власта ќе зема од егзистенцијата на најчувствителната категорија стопански субјекти, малите фирми, фирми – човек, односно од онаму каде што не станува збор за профити, туку за преживување.

 

„Каде во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ стои дека власта на Груевски ќе спроведе вакво решение и ќе воведува данок и за малите фирми? Како, со ваквиот закон, малите и микро претпријатија ќе бидат во можност да опстанат, а не, пак, да размислуваат за проширување на своите дејности и отворање нови работни места? “, праша Ковачевски кој рече дека измените на Законот за ДДВ се уште едно, во низата изненадувања за граѓаните, по зголемената цена на електричната енергија, покачувањата на повеќе основни прехранбени производи, воведените даноци за хонорарните работници, поскапувањата на патарините, регистрациите на возилата./крај/мф/ап

Македонија

(Видео) Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ветуваме дека повеќе нема да има граѓани од втор ред

Објавено пред

„Денеска повторно сме во Чаир, да се видиме тука со населените места, во маалата, да разговараме за проблемите на граѓаните. Се видовме и со повозрасните, со пензионерите кои не замолија да се зголемат пензиите, не замолија реално да се зголемат пензиите, а не како изминативе три години во кои постојано се ветуваше, но за жал пензионерите не добија ниту денар повеќе“, изјави Владо Мисајловски,носител на ИЕ 2.

„Затоа ние се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20%, бидејќи тие заслужуваат и се столб на општеството. Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард.

Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме.

Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави.Затоа почитувани граѓани, почитувани чаирчани дајте ни ја поддршката, дајте ни шанса да направиме обнова во Македонија. Да направиме обнова во културата, да ја обновиме инфраструктурата, обнова на традиција и достоинството и на семејните вредности.Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонски концепт: Со обнова на пропаднатиот образовен систем ќе создадеме квалитетни кадри во државата

Објавено пред

Со цел современо образование, Македонски концепт создаде долгорочна стратегија која ги подготвува сите идни генерации за полесна адаптација во модерните дигитални општества, се наведува во соопштение од оваа партија.

„Квалитетното, конзистентно и добро систематизирано образование е темелот на секое здраво општество, на нормална држава. Функционалниот образовен систем значи дека вистинските вредности управуваат со процесите во државниот систем. Образовниот кадар создава напредна сила, која ги предводи конструктивните еволутивни процеси. Македонски концепт изработи програма со која ќе создадеме образовен систем што ќе одговори на потребата од едукација, од знаење за нашите деца и нашите млади”, изјави Марија Спасовска, кандидат на листата за пратеници за втората изборна единица.

Таа нагласи и дека поради лошиот квалитет на досегашното образование, младите квалитетни луѓе масовно ја напуштиле земјата во потрага по образовен систем што може да ја задоволи нивната жед за знаење.

„Со нашите реформи предвидено е воведување на виши, практични студии со воведување двегодишно практично ниво за одредени профили, притоа додавајќи вредност на образованието која може да се преточи врз зголемување на ефикасноста на пазарот на труд. Вложување во инфраструктурата и во кадарот на училиштата, наставниците треба да добијат поддршка за обука, пред да станат одговорни за водење своја училница. Неопходно е да се создаде национална програма за училишна инфраструктура која ќе ги ажурира училишните згради, истовремено создавајќи работни места во локалните заедници. Враќање на спортот во училиштата и враќање кон основите за одгледување на храна. Ревидирање на постоечкиот материјал за учење и создавање на инвентивни курикулуми за средно и основно образование. Ставање на учителот, наставникот, професорот во центар на образованието. Овозможување на секој ученик, студент, да си ги пронајде своите силни карактеристики и да ги усовршува со тоа што кога ќе заврши неговиот период на образование ќе може да доведе до создавање на додадена вредност во општеството од поединец”, објасни Спасовска.

На крајот таа порача дека Македонски концепт ќе се залага за еднакво образование за сите, кое ќе биде јавно достапно и ќе дава еднакви можности за сите, без разлика на полот, верата, националноста и бојата на кожата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Цела Македонија боледува од тригодишната пандемија на Заев и СДСМ

Објавено пред

Чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена овде во Прилеп, коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа во независна Македонија, рече во обраќањето во овој град лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Клучното прашање кое што го поставивме до прилепчани е дали живеат подобро, а без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо од порано“, кажа Мицкоски и нагласи дека искуствата од досегашната кампања покажуваат оти пандемијата од раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија2 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ3 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија5 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ6 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа7 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет21 час

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Досие