Контакт

Политика

Седници на четири собраниски Комисии

Објавено пред

Предлозите на кандидати за потпретседатели на Собранието на Република Македонија во вторник ќе се најдат пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Членовите на комисијата треба да разгледаат и утврдат предлог – одлуки за именување претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

 

Во Собранието на Република Македонија седница ќе одржиат и членовите наи Комисијата за економски прашања на чиј дневен ред ќе се најде Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2013 година.

 

Предвидено е во вторник седница да одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за која на дневен ред планирано е граѓанската иницијатива со предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, на сто и шест граѓани, доставена преку овластениот предлагач, претседателот на Здружението на граѓани за праведно судење и применување на Законот, Атанас Ѓоргиевски, како и извештаите за работата на Агенцијата за администрација за 2013 година, на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2013 година, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2013 година, на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2013 година, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2013 година, на Судскиот совет на Република Македонија за 2013 година, на Народниот правобранител и на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2013 година.

 

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија која ќе ги разгледува Граѓанска иницијатива со предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите и барањето за давање на автентично толкување на член 45 од Законот за локална самоуправа и член 29-а од Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од Градоначалникот на Општина Босилово. Ќе се утврди и пречистените текстови на Законот за мирно решавање на работните спорови и на Законот за минимална плата во Република Македонија./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Чулев: Секој обид за поткуп врз гласачите ќе биде санкциониран

Објавено пред

Секој обид за поткуп или за какво било влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и ќе бидат преземени мерки за негово санкционирање, порача министерот Наќе Чулев за време на посетата на Регионалниот центар Исток, одделенијата за внатрешни работи во Делчево и Берово и полициското одделение во општина Ново Село.

Организацијата на парламентарните избори со посебен фокус на спречување на изборниот поткуп беа темите во фокус на работните состаноци.

Од страна на раководствата на трите одделенија министерот Чулев беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат од нивна страна, а со кои треба да се гарантираат безбедни и демократски избори. Од нивна страна беше потенцирано дека веќе се изготвени оперативните планови со кои се покриваат критичните точки.

Министерот Чулев потенцираше дека изборите мора да бидат фер и демократски, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и во таа насока обврска на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи е да ги преземат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на изборите.

Тој ги повика полициските службеници да постапуваат согласно законските прописи и да се отргнат од какви  било  политички влијанија и притисоци. Обврска на секоја полициски службеник е да го штити интересот на граѓаните и безбедноста на државата и кога ова е во прашање нема и не постои никаков компромис, додаде Чулев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Изборот е меѓу СДСМ и неговите истрошени транзициски политичари и ВМРО-ДПМНЕ и политичари кои ќе работат за доброто на народот

Објавено пред

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со граѓаните во Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на овие избори практично се определува иднината на нашите граѓани, на нашите потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.

„Ова не се  какви било избори и се поразлични од сите избори што сме ги имале во минатото. На овие избори изборот е меѓу СДСМ и неговите политичари, кои се практично истрошени транзициски политичари, кои од времето на транзицијата ги гледаме без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми, кои, мора да признаете, по овие 3 години се зголемија. Ова се избори кога ќе треба да избереме помеѓу срамот, понижувањето и свиениот ‘рбет што ги донесе СДСМ и избори кои ќе донесат чест, гордост и исправена глава. Ова се избори помеѓу криминалот и корупцијата спакувани во чанта Луј Витон и борба за правда, почитување на законите. Јас сум убеден дека повие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’“ потенцираше Мицкоски.

Тој од Македонска Каменица порача дека веднаш по победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите и сето она што ни се случуваше во минатото, а кое претставуваше проблем за нашите сограѓани да се реши. Според Мицкоски, треба многу труд, многу работа, мака, посветеност и затоа кога зборува за политичари кои одлучиле да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ зборува за луѓе кои се одлучни да бидат херои, да испишат нова историја.

Нивната матрица е составен од 4 чекори. Првиот чекор секогаш е предизборна лага, ќе дојдат овде пред вас, ќе ве гледаат во очи со раката на срцето, ќе ви зборуваат за жицата, за семето и ќе ви кажат по некоја лага мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат вашата доверба и ќе заминат. Потоа вториот чекор е националниот срам, понижување и предавство, потоа следи третиот чекор грабеж и криминал и на крај е заробено обвинителство и судство за пресметка со политичките неистомисленици, потсети тој.

Мицкоски рече дека поминало времето на политичари елитисти кои забораваат да креваат телефон кога ќе ги побара некој, се фино залегнати во кожени фотелји и газат црвени персиски килими во владата и се возат во климатизирани лимузини платени со народни пари.

„Сега доаѓа време на политичари кои овде заедно со народот ќе разговараат што му треба на народот. Доаѓа време на луѓе кои чесно ќе работат за интересите на сопствениот народ. Ние напишавме програма што ја нарековме ‘Обнова’ од 360 страни каде ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25%, како до 20% повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10%. 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, за угостителите намалување на данокот за додадена вредност, историски најнизок рамен данок од 8%, 640 милиони евра субвенции за земјоделците“, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Слушаме како носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ местеле сообраќајки

Објавено пред

Денеска слушаме како се договарале да се преврти трактор меѓу Дебарца и Охрид, како се договарала сообраќајка кај Кичево – тоа се актуелни носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ! Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати, ете нови потврди за опасноста за којашто зборуваме, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2.

„ Христијан Мицкоски ги постави на листи Александар Николовски, Антонио Милошоски, Владо Мисајловски – кој од кој поистурена рака на криминалецот Груевски. Се движиме по прав сигурен пат и со оваа изјава апелирам да излеземе на гласање, да ја отфрлиме опасноста и да избереме сигурност.

Да, ова се едни од најспецифичните избори пред коишто сме исправени, поради условите во коишто функционираме. Со задршка одиме во продавница, со задршка одиме во банка, во пошта, дури и на работа. Но одиме. Затоа што е во прашање нашата егзистенција. И излегувањето на изборите е една таква потреба. Затоа што се во прашање животот, здравјето, егзистенцијата – наши, на нашите деца, на фамилијата дома и иднината на државата.

За да продолжиме да живееме сигурно, во сигурна држава ние едноставно мора да излеземе на гласање и да гласаме за СДСМ и коалицијата ‘Можеме’. СДСМ носи сигурност и ова не е предизборен слоган, туку факт. Покажавме дека можеме да се справиме со здравствено-економската криза. Вработивме над 700 лекари и над 1.000 медицински сестри, обновивме 30 болници и ургентни центри -за само три години. Со тоа спречивме здравствен крах. Замислете да останеа руините во здравството од режимската власт. Луѓе ќе ни умираа по ходници. Тие и денес не ставаат потпис за пари од Светската банка што треба да се вложат во здравството. Светска банка гарантира – тие велат не. А се дел од Владата. На овие ли луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ќе го доверите здравјето?!

Даваме домашни платежни картички, бескаматни кредити, ги помогнавме бизнисите – спречивме и економски крах. Тоа беше можно затоа што работевме домаќински претходните две и пол години. Покачивме плати, пензии, социјална помош, вративме милиони евра пари кај граѓаните, насочивме пари кон поддршка на бизнисите. И сето тоа – додека ја стабилизиравме државата на меѓуетнички план дома, со концептот едно општество за сите и на меѓународен план во регионот и светот, со помирувањето со соседите, членството во НАТО и отворените перспективи во ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ на се сè противеа. За нив сè што не е тендер со провизии во лични џебови не е добро. И најважно, денес се живее во слобода – никој не планира семејства во ендек, не тегне за уши, не гаси лифтови на баби и дедовци, не удира боксови во лице на жени, не прави монструозни планови за намерни сообраќајки, не става пломби на бизниси, не се заканува и не уценува млади луѓе со партиска книшка за вработувања. Денес има грижа за сите.

Многу сработивме. Може и повеќе и подобро. Но тоа е можно во осигурана држава, со затворени билатерални прашања, со осигуран идентитет, со осигурано членство во НАТО и перспективи во ЕУ, со развојна економија. Почнавме и треба да продолжиме по правиот пат. Гласот за СДСМ на овие избори е глас за безбедносна сигурност, за економска сигурност, за егзистенцијална сигурност, за политичка сигурност. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за дестабилизација, хаос и опасност, по сите основи.

Сите протоколи за заштита на здравјето на гласачите се донесени и гласањето е безбедно, ве уверувам. Знам дека ќе постапиме одговорно. Ќе излеземе на гласање. Ќе избереме број 3. Коалиција ‘Можеме’. За сигурност“, порача Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија3 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ7 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион7 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија22 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија1 ден

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија1 ден

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие