Контакт

Политика

Шилегов: За два дена ставаме крај на режимот, ќе има живот

Објавено пред

Дојдовме овде, го донесовме животот, го вративме животот, животот во Македонија.животот во победничко Тетово. Сите знаат готово е! Тендер коалицијата ги живее своите последни два дена. Готов е режимот, режимот е на колена останаа уште само два дена, порача во петокот вечерта неколку часа по започнувањето на изборниот молк, Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 6.

Шилегов ги повика граѓаните „уште похрабро, уште подостојно, уште поодлучно“ овие два дена да стават крај на децениското владеење на Никола Груевски.

„Ставаме крај на кражбите и пустошењето, уништувањето на достоинството на сите професии. Ставаме крај на отселувањето на младите. Од овде од Тетово порачуваме, се е веќе јасно, во Македонија се знае од една страна се мафијашите и криминалците од друга страна се слободните граѓани. Граѓани желни за живот во својата Македонија“, рече Шилегов.

Ја претстави изборната програма на опозицискиот СДСМ под наслов „План за живот“, за кој рече дека е изработен заедно сограѓаните.

„Внимателно ве слушавме, внимателно ги бележевме вашите потреби. И верувајте каде и да шетате во оваа наша држава, маките на луѓето се исти. Неволјите на луѓето се исти. Сиромаштијата нема ни народ, ни вера, ни нација нема ни партија. Сите подеднакво не опљачкаа, сите подеднакво не осиромашија. Затоа сме сите заедно овде сплотени да кажеме доста е на делбите во Македонија“, рече Шилегов.

Истакна дека граѓаните се незадоволни од непрофесионалните институции и од партиските поделби.

„И ги слушам овие дваесет дена, го слушам Влатко Ѓорчев низ шестката, го слушам и Никола Груевски низ Македонија. И дозволете да му порачам една порака и од овде од Тетово: Никола ти знаеш, јас знам, ама и цела Македонија знае не те мачи федерализација Никола, затоа што федерализација нема да има, бидејќи не може да има. Тебе Никола те мачи конфискација. Е конфискација ќе има, конфискација ќе има! Сите што сторија криминал ќе одговараат пред новите институции во Македонија. Ослободени од политиката, ослободени од партиите. И парите што ги украдовте ќе ги вратите. Ќе ги вратите затоа што тоа се нашите пари. Нашите пари, парите што ги украдовте од нашите деца“, порача кандидатот на СДСМ.

Шилегов рече дека опозицијата го вратила достоинството на граѓаните и оти во недела „ќе си ја вратат државата“, а веќе следниот ден „ќе почнеме да го градиме животот во Македонија“.

Апелираше храбро и достоинствено, масовно да се излезе на избирачките места на 11-ти декември и избирачите да го дадат гласот за СДСМ и коалицијата, као што истакна, за да настапат вистинските промени, промени што го враќаат животот во Македонија./крај/мф

Македонија

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци, ВМРО-ДПМНЕ е против образованието во нашата држава, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден намерно ја кочат работата на Комисијата каде што треба да се расправа за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.

„Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат да 4.700 просветни работници добијат работно место, односно да нивните договори од определено работно време бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време. Замислете, се противат на законско решение кое треба да обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, потенцира Лазаревска.

Ова како што рече, покажува колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за образованието. За нив, вели Лазаревска, тесниот партиски интерес и ситните политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Објавено пред

Со новиот состав на органите, со спој на искуство и нова енергија, СДСМ уште подобро и уште повеќе посветено ќе им служи на граѓаните и на државата, потенцира портпаролката на владејачкиот СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа смета дека по 26. конгрес, којшто се одржа вчера, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани.

„Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите. Новиот состав на Централниот одбор е освежен, во кој две третини од членовите на ЦО се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата“, рече Кузеска.

Според неа, од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи, што значи како што рече дека има целосна родова еднаквост. Млади се 45 члена, што претставува застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во  која било друга партија во Северна Македонија.

„Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од редовите на младите. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, а од 4 потпретседатели, двајца се нови. Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените“, оценува Кузеска.

Од друга страна како што рече, ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните.

Според неа, ВМРО ДПМНЕ свесно го блокира напредокот на државата, го блокира Собранието, шири лажни вести, застанува во одбрана на криминалци и насилници и работи против правдата во државата, вели Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ на спротивната страна од граѓаните

Објавено пред

Поради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата, истакна денеска пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата. Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата“, реагира Каевски.

Со ова, смета Каевски, ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

„Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои сè уште немаат засновано работен однос на неопределено време. Сè што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Поради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието“, напомена Каевски.

Ова, како што рече, е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните, коментира пратеникот од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија46 минути

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија3 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија4 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ5 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија7 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет7 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија7 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет8 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет8 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет8 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет8 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион21 час

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија22 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија22 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа22 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Досие