Политика
Шилегов: МВР направи упад во независната судска власт

Според Уставот, Судот за прекршоци е дел од независна судска власт, а не одделение во МВР, па полицијата да апси вработени, рече во четврток на прес конференција портпаролот на опозициската СДСМ Петре Шилегов.
„Гордана Јанкулоска и МВР требало да се обратат до претседателот на Судот или до Републичкиот судски совет. Тие се должни да вршат надзор врз работата на судиите и нивната ажурност. Така е во нормални демократски држави“, додаде Шилегов.
Според него, Републичкиот судски совет, судиите, а особено Врховниот суд имаат должност кон граѓаните да го кренат својот глас против овој најнов упад во поделбата на власта и во судството, што го направи власта на Никола Груевски.
„Власта неуспешно се обиде да го одвлече вниманието на домашната јавност од најкритичниот Извештај на ЕК и даде уште еден аргумент на растечката загриженост на Комисијата за проблемите во судството. Во Република Македонија, каде што има селективна правда и нема разлика помеѓу државата и партијата, апсењето судии и судски службеници од страна на МВР е уште една потврда дека судството е инструмент на полицијата и извршната власт“, рече Шилегов. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АВМУ: Неприфатлив недоличниот однос на министерот Бектеши кон новинарка на „Канал 5“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги го смета за апсолутно неприфатлив недоличниот однос на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарката на ТВ „Канал 5“, Катерина Капковска, за време на денешната прес-конференција.
„Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура“, велат од АВМУ.
Агенцијата апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска и Агелер: Во Битола има уникатно богатство на чија заштита посветено работиме

Битола е богат град, и културно и историски. Секое делче од неа раскажува посебна приказна. Имаме уникатно богатство за чија заштита треба посветена работа“, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која првата работна средба со амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер, ја искористи за заедно да посетат неколку значајни локалитети и институции во Битола.
Костадиновска-Стојчевска и Агелер ги посетија археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и Историскиот архив – Битола, а имаа и средба со пратенички и советнички од овој регион.
При посетата на локалитетот Хераклеја се запознаа со текот на активностите во рамките на проектот за конзервација и презентација на мозаици и архитектура на локалитетот, кој треба да биде финализиран до јуни годинава, а за кој беше обезбеден грант од американската амбасада во земјата.
Костадиновска-Стојчевска упати голема благодарност до амбасадорката Агелер за стратегиското пријателство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија, за грижата и солидарноста на американскиот народ, кој преку амбасадорскот фонд во континуитет учествува во заштитата на македонските културни богатства за идните генерации што доаѓаат.
При посетата беше истакнато дека конзерваторските интервенции, кои првпат се преземаат во толку голем обем токму благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои е препознатлива Хераклеја туку ќе дадат и ново светло и значење на самиот локалитет.
Македонија
(Видео) Адвокатот на Лидија Димова: Не ги злоупотребила фондовите

Ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, не ги злоупотребила фондовите. Ова го тврди нејзиниот адвокат Зоран Молчанов. Тој посочи: „Па до сега нема ниеден што пријавил оштета на тоа“, иако Обвинителството тврди дека штетата што ја направила е 20 милиони денари.
„Тезата е таква, од една страна. Меѓутоа, нема предочено спротивно од кои одредби на Законот за јавните набавки е постапено. Наспроти тоа, ние објаснивме дека целокупната процедура е запазена баш во согласност со Закон за јавните набавки цитирајќи по кои членови тоа е направено“, рече адвокатот.
Тој додава дека ОЛАФ ја затворило истрагата за Лидија Димова и посочува: „Се има интересирано, меѓутоа нема утврдено никаква неправилност во работењето“.
Лидија Димова не чувствува вина за делата злоупотреба на службената положба и овластувањето и измама на штета на европската заедница. Александар Гочев, второобвинет, призна вина за делото измама на штета на европската заедница. Со тоа судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска ја раздвои постапката за Гочев.
Обвинителката Сузана Мирческа-Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник, и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластувањето, па постапила спротивно на Законот за јавните набавки и на Законот за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата, без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.