Контакт

Политика

Собранието ја продолжува десеттата седница

Објавено пред

Пратениците во Собранието на Република Македонија на продолжението на десеттата седница во четврток ќе ги разгледуваат Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за работните односи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка. 

Предвидено е на дневен ред на седницата да бидат ставени и Предлог-законот за дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка и  по Предлог-законот за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, во прво читање.

 

Народните избраници ќе дискутираат и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основање Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и на Законот за железничкиот систем, сите во прво читање.

 

На седницата на Собранието ќе се разгледува и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај во прво читање и по Предлог автентичното толкување на член 18 став 3 од Законот за јавните набавки поднесен од Александар Николоски./крај/мф/ап

 

Македонија

(Видео) Шекеринска: Македонските граѓани денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ

Објавено пред

Зборуваат за достоинството наместо да ја наведнат главата и да се извинат зашто 11 години со сите сили го газеа достоинството на својот народ и држава. Зборуваат за достоинството тие кои 11 години владееја со страв и закани, тие кои ги искрадоа граѓаните а земјата ја изолираа, ја заглавија во омраза и ја претворија во жртва, порача Радмила Шекеринска.

„ Тие чиј лидер избега со парите на граѓаните а тие прават се за да го вратат неговиот начин на владеење – за да продолжат да заплашуваат и да се богатат на сметка на иднината на секој граѓанин.

За достоинство зборуваат тие што се пазареа за гласови со дозволи за дивоградби и со уништување на Охрид, тие што граѓаните ги понижуваа и принудуваа да гласаат за нив и да покажат доказ за тоа под уцена за работното место, тие кои што го фрлија на милост и немилост и крајбрежјето на Охрид, и Курбиново и Офицерскиот дом и се што е наше достоинствено автентично – под нозе. Тие кои власта ја сметаат за шанса за лична финансиска корист а народот за свој слуга.

Тие не заслужуваат втора шанса да го продолжат истото.

Граѓаните на Македонија денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ, со зачуван идентитет и потврден и признат во светот македонски јазик. Од тоа поголемо достоинство нема. Граѓаните денеска се адресата каде што ги враќаме парите, не ги вложуваме во бели палати и стиропор.

Да ги оставиме ретроградните политики каде што им е местото – во минатото. Бидејќи тие само зборуваат а ние се погриживме и за природното и за културното наследство, и за езерото и за Курбиново, Офицерскиот дом и за јазикот. За нашиот автентичен македонски идентитет. За достоинството.

Почитувани граѓани, се изборивме за слободата заедно, ја поставивме земјата на вистинскиот пат. На 15 јули заокружете го бројот 3 да продолжиме заедно. Само заедно можеме напред. Да ја одржиме последната лекција заедно – режим никогаш повеќе во Македонија!“ истакна Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите

Објавено пред

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност утрово извршиле претрес кај четири лица од с.Ерџелија и пронашле пари и пропаганден материјал од политичка партија, како и список на 20 лица.

Претресот бил извршен во домот на З.З., И.В. (пронајдени се 4000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари), Д.В. (пронајдени се 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија).

Исто така, при претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од с.Ерџелија, пронајден е список на 20 лица. Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија. По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор.

По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија. Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал. По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зибери од Крушево: Ќе бидам премиер за сите, ги поканувам сите заедници да гласаат за нова надеж во земјата

Објавено пред

Денес кандидатот за прв премиер албанец, Насер Зибери, од градот Крушево, се обрати потсетувајќи на историјата на ова место, која содржи важни историски моменти како што е Илинденското востание, што претставува симбол на ослободувањето од Отоманската империја.

„ Северна Македонија, оваа земја која што сите ја сакаме и ја нарекуваме татковина, поминала низ многу револуции и војни во минатото, борејќи се за независност, а исто се соочувала и со меѓуетнички тензии. Ние се боревме заедно против непријателите однадвор, и се боревме едени против други, кога Албанците бараа еднаквост“.

Во сбоето обраќање Зибери потенцираше дека “иако борбите можеби биле неопходни – никогаш не е борбата таа што ќе носи успех, туку е секогаш мирот. Успешни сме само кога се бориме заедно, а не едни против други. Албанци, Македонци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и Роми. Можеби сме различни етнички заедници но споделуваме една татковина, споделуваме еден дом. Заедно, постигнавме мир, постигнавме влез во НАТО, а можеме да постигнеме и членство во Европската унија. Заедно, ќе го направиме животот во Северна Македонија подобар за сите граѓани и ќе создадеме една иднина со подобри можности за нашите деца“.

Меѓу друото тој се осврна и на борбата за ослободување од дуополната власт, поделена помеѓу ВМРО и СДСМ последните триесет години.

„ Ова е студена политичка војна каде никој не победник. Но, едно е сигурно: Граѓаните, секогаш биле губитници, а ние сè уште сме заглавени во овој застарен политички систем, кој им служи само на политичките партии, а се заснова на поделба и омраза. Борбата против овој систем, борбата за ослободување од овој дуопол, е демократска, мирна и без насилство. Треба само да го искористиме нашето основно право на глас – иако старите македонски партии го ризикуваат тоа“ – рече Зибери.

Тој ги повика сите граѓани „без оглед на етничка и политичка припадност – ајде да го изодиме овој пат заедно, да се движиме напред во нова, современа демократска држава, каде граѓаните се еднакви и каде демократските права се неприкосновени.

Тој се заложи дека „како прв, непартиски и независен премиер на Северна Македонија, ќе биде на располагање да им служи на граѓаните.

„ Моја основна задача е Владата да работи за граѓаните, да стави крај на партискиот режим и да создаде подобри услови за сите нас. За Албанците, Македонците и сите други етнички заедници“ додавајќи дека “Крушево е симбол на ослободувањето и независноста, изборот на првиот премиер албанец, ќе биде симбол на еднаквоста и новата современа демократија. Па, дури и повеќе од симбол.“

Зибери го заврши неговото обраќање ветувајќи “ќе бидам подобар премиер, за сите граѓани. За Албанците, Македонците и за сите вас. Како непартиски премиер, ќе се посветам на вас, на граѓаните и единствена моја обврска ќе биде да ја направам Северна Македонија подобра земја. Со поголем просперитет, со поквалитетен живот, со поголема транспарентност и со вистинска еднаквост. Да го оставиме минатото зад себе и да се движиме заедно кон подобра иднина. Ајде да го оствариме сонот“ истакна Зибери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ3 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион3 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија3 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион4 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија8 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија9 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија9 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија9 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија10 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија10 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион21 час

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет22 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Досие