Контакт

Политика

Спасов го промовираше проектот ’На секое дете му е потребно семејство’

Објавено пред

„На секое дете му е потребно семејство” е новиот проект на Министерството за труд и социјална политика што во средата го промовираше министерот Диме Спасов, а со кој се предвидуваат најразлични активности на Центрите за социјална работа кои преку директни и непосредни контакти со граѓаните ќе се обидат да ја подигнат свеста и ќе информираат за значењето и можностите коишто ги даваат на згрижувачките семејства .

„Згрижувачките семејства се најхуманата најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства коишто нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа и на децата со пречки во развојот. Во Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои што згрижуваат точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа”, истакна Спасов.

 

Министерот за труд и социјална политика истакна дека сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семсјтва тоа ќе може да го направат на [email protected] или на бесплатниот број 15505.

 

Од Министерството нагласуваат дека во моментов потребата од вакви згрижувачки семејстава е голема и нагласуваат дека овие семејства имаат право на паричен надомест од државата во висина од 6.500 и 8.000 денари месечно, за покривање на трошоците за згрижувањето.

 

„Лицата кои не исполнуваат услов за старосна пензија, а биле згрижувачко семејство повеќе од пет години ќе имаат право, по навршување на 62 години, да се стекнат со постојан паричен надоместок од 8.000 денари до крајот на својот живот“, велат од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Спасовски од Старо Нагоричане: Постигнувањата во овој регион е доказ за вложувањата во рамномерен регионален развој

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски оствари работна посета на Општина Старо Нагоричане. Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека со градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска разговарале за тековните проекти на општината кои што се реализираат со поддршка на разните програми на Владата насочени кон развојот на локалните самоуправи.

„Како што знаете, Општината Старо Нагоричане е со доминантно рурални карактеристики од кои произлегуваат и нејзините предности кои заслужуваат целосна поддршка. Како прво, тоа значи креирање на програми за поддршка на граѓаните од општината кои доаѓаат од програмите за рурален развој и за поддршка на земјоделството. Во таа насока се договоривме со градоначалничката Јовановска да ги зајакнеме започнатите заеднички активности кои се однесуваат на приближување на можностите до граѓаните земјоделци во општината за да ги влечат придобивките од владините програми за развој на земјоделството и руралниот развој. Тука е бесплатната зелена нафта и повратот на персоналниот данок за земјоделците, средства кои тие можат да ги реинвестираат во модернизација на нивните земјоделски дејности“, истакна премиерот Спасовски.

Тој потенцираше дека посебно сака да ја афирмира програмата за поддршката млади и на жени земјоделки за кои се определени средства и до 10.000 евра и истакна дека силен потенцијал има и ИПАРД програмите за финансирање во земјоделството и сточарството за што има бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на ИПАРД средствата.

„Се разбира, заради карактеристиките на територијата на општината, заради претежно планинските предели и оддалеченоста меѓу селата, посебна грижа во изминатиот период беше посветена на патната инфраструктурна мрежа. Во изминатите три години, како централна власт инвестиравме 1 милион 430 илјади евра за патната инфраструктура во општината: за рехабилитација на регионалниот пат Младо Нагоричане – Пелинце, и за регионалниот водовод за Младо Нагоричане, за којшто се почнати подготвителните активности и за кој се наменети 820 илјади евра. Во рамки на рамномерниот регионален развој, 10 проекти со вкупна вредност од 82 милиона 61 илјада 357 денари се завршени или се во фаза на реализација: за подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, за подготвителни активности за повеќе локални патни правци. Никогаш како овие три години не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој. Постигнувањата во овој североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува тоа“, објасни Спасовски.

Тој изрази уверување дека Старо Нагоричане има особени предности во поглед на планинскиот, селскиот и културно-историскиот туризам.

„И самите го знаете значењето на Меморијалниот центар АСНОМ, потоа тука е манастирот „Св. Ѓорѓи“ од 11 век, која има огромно значење и претставува прекрасен примерок од средновековната византиска архитектура. Тука е и мегалитската опсерваторија Кокино, и сите овие културно-историски споменици, заедно со питомите природни убавини на околните планини, ја прават општината атрактивна туристичка дестинација. Затоа е многу важна поддршката на Владата што досега ја дававме за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот во Североисточниот плански регион, за рурален развој, и развој на туризмот и мобилноста во општината и во регионот“, истакна Спасовски.

Тој акцентираше дека станува збор за сериозни проекти кој претставуваат силен аргумент и за прекуграничните проекти со соседните држави Србија и Бугарија, и за пристап до високи финансиски средства од фондовите на ЕУ, за кои гарантира државата, и кои им стојат на располагање на општината за реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните од општината и регионот.

Градоначалничката Жаклина Јовановска во својата изјава изрази голема благодарност за посветеност на Владата за реализација на проекти со општините и подобрување на животот во руралните региони.

„Владата несебично се залагаше нашата општина која спаѓа во североисточниот регион како еден од најнеразвиените региони да помогне граѓаните да имаат еден достоинствен живот каков што заслужуваат бидејќи претходната власт воопшто не обрнуваше внимание на овој регион како да не постои. Старо Нагоричане е Општина од рурален тип којашто опфаќа голем број села коишто се од разбиен тип и ние реално без многу силна поддршка од Владата каква што добивавме и се надевам ќе добиваме не можевме да успееме да ги оствариме сите проекти кои ги наброи самиот премиер и верувам дека заедно со голема поддршка на граѓаните ќе го задржиме и во иднина темпото на инвестирање во сите аспекти на инфраструктурата и севкупниот развој на нашата општина и регион“, истакна Јовановска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев од Ново Село: Градиме три откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи

Објавено пред

„Секогаш е задоволство да се биде во струмичкиот крај, меѓу чесните и работливи граѓани од овој регион. Денеска, овде, во Ново Село, го искористивме пазарниот ден да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со трговците и пред нив да ја презентираме нашата понуда. Земјоделците и овде, во Ново Село, и низ целата држава знаат дека во СДСМ имаат партнер кој се грижи за нив и го цени нивниот труд“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Ново Село.

Според него, 480 милиони евра во последните три години насочивме кон земјоделците, преку директна или индиректна финансиска поддршка.

„Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот мандат каде обезбедуваме 200 милиони евра годишно финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој. Три години вложуваме во секоја гранка од земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме. Конкретно, во делот на градинарството, гранката која е најзастапена овде, во Ново Село, и Струмичко го олеснивме процесот за аплицирање за субвенции. Ја зголемивме субвенцијата за 6.000 денари за развојните производители со површина од 1 до 5 хектари. Зголемивме и исплативме дополнителни субвенции за лубеница, домат, за зелката.

Тоа е вистинска грижа, тоа е вистински партнерски однос кој го градиме со земјоделците. Но тоа е и мотив да продолжиме уште подобро, да донесеме уште повеќе за нашите земјоделци. Во новиот мандат, обезбедуваме сигурен пласман и современи услови за складирање на градинарските производи преку изградба на 3 откупно-дистрибутивни центри, еден од нив и овде, во Струмица. И во следниот мандат ќе продолжиме да им помагаме на младите земјоделци на жените од руралните средини преку постојано зголемување на неповратните средства кои ги добиваат за да се занимаваат со земјоделство. Од една страна е ова, директна и конкретна помош и поддршка кон земјоделците, од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ со лагите, со манипулациите и понижувањето врз земјоделците. Огромна е таа разлика помеѓу нашите концепти и тоа ќе се потврди на 15 јули и овде, во Ново Село, и во Струмица и низ целата наша држава. Земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, повисоки грантови и сигурен пласман, а по 15 јули заедно со нив ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кекеновски: Да ги симнеме од власт партиите кои меѓусебно се амнестираат за сторениот криминал

Објавено пред

Додека европските цивилизирани држави прогласуваат победа над коронавирусот и слават симнување на маските, нашите сегашни и поранешни властодршци заслепени од желбата за власт по секоја цена, со помош на дискриминирачкиот и недемократски Изборен законик бесрамно газат по мртвите и жртвите на коронавирусот, истакна денеска Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, носител на листата во првата изборна единица за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

„Потребно е граѓаните да се одважат и да се охрабрат заеднички да ги казниме СДССМ, ДПСМНЕ и ДУИ затоа што тие единствено што имаат на ум е да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели, а во суштина и пракса меѓусебно да се амнестирааат за сторениот криминал и невиден арамилак. Најновите аудиобомби ја потврдуваат неодговорноста, дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие партии. Ова е повеќе од скандалозно и неморално. Жално е што новиот Закон за ЈО не ги третира овие аудиобомби како докази, во спротивно во нормална држава ваквите персони веднаш ќе си го добиеа своето заслужено место во некој затвор“, рече Кекеновски.

Тој во име на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ вети дека во првите 30 дена од изборот ќе го укинат Изборниот законик и новиот Закон за ЈО кој, како што рече, ги штити оние сега и оние кои во иднина ќе бидат на власт.

Кекеновски во своето обраќање го повика и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, да одговори на обвинувањата дека додека бил директор на Агенцијата за разузнавање таа не била искрена со Јавното обвинителство во истрагата за Диво Насеље.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија2 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија3 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет4 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет5 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија5 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет5 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет5 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет6 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија23 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија23 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија24 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие